Започна осмиот состанок на Кардиналскиот совет

Кардиналскиот совет кој има задача да го советува Папата за реформите во Римската Курија во понеделник започна со својот осми состанок.

Во присуство на папата Фрањо на 9 февруари 2015 започна осмиот состанок на Кардиналскиот совет, кој работи на нацрт за реформи на Куријата. Работите ќе траат до среда 11 февруари, а на 12 и 13 февруари во Синодската сала ќе се одржи конзисториум на кардиналскиот совет

Во сабота 14 февруари Папата во ватиканската базилика со почеток во 11 часот ќе го предводи редовниот кознисториум, на кој во кардиналскиот колегиум ќе вброи 20 нови кардинали. После тој обред, папата Фрањо ќе одржи и конзисториум за канонизација на три блаженици. Во недела 15 февруари Светиот Отец во 10 часот во ватиканската бзаилика ќе служи света Миса со новите кардинали.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот