Заедничка еколошка акција на христијаните и муслиманите во Нова Маала

 Во сабота на 15.03.2014 година  во Нова Маала се спроведе акција за чистење на целото село. Во акцијата организирана од страна на о. Спасо и г-н имам Сејхан беа вклучени сите деца од христијанска и муслиманска вероисповед. На наше големо задоволство децата-учесници беа во голем број. Откако беше завршена акцијата парохот ги почести сите деца и потоа во црквата по молитвата во кратки црти ги запозна децата од муслиманска вера со христијанската вера. На крајот се договорија свештеникот и имамот за следната средба која ќе се одржи во дворот на Џамијата во Нова Маала. До следниот пат драги другарчиња!

о.Спасо Ристов

Категорија: Македонија

За авторот