Заедничка божиќна порака на поглаварите на Црквите во Ерусалим

Заедничка божиќна порака на поглаварите на Црквите во Ерусалим

Соочени со бројните облици на гревови на кои робува нашето човештво, меѓу кои се војната и неправдата, отуѓеноста и угнетувањето, уништувањето и претераниот конзумизам, патријарсите и поглаварите на Црквите во Ерусалим, во заедничката божиќна порака потсетуваат дека славењето на Христовото рождество е постојан потсетник за откупението кое Бог ни го даде претворајќи го секој облик на грев во полнина на животот

Исус Христос стана човек како би донел спасение и откупение на целиот свет, истакнуваат патријарсите и поглаварите на Црквите во Ерусалим и напоменуваат дека Исус како човечка личност го искуси нашето човештво, како би можеле да бидеме преобразени според неговата слика и прилика. Потоа додаваат дека самиот Исус почуствувал како е да се биде без дом, како бегалец. Бил изложен и на закани и на крајот и на смрт, но неговото раѓање донесе надеж и живот.

Во пораката, освен тоа, упатена е и молитва периодот на светото божиќно време да донесе правда на сите луѓе. Потоа, нудејќи поддршка и молитва за присутноста на христијаните на Блискиот Исток, тринаесете патријарси и поглавари на Црквите во Ерусалим изразија надеж дека овој Божиќ на сите народи ќе им донесе радосна вест за мирот, правдата и помирувањето и дека Кнезот на мирот злото и гревот во нашиот свет ќе ги претвори во светлост и полнина на живот.

Ватикна њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот