Загрижен заради тензиите на Медитеранот Папата повика на дијалог

Загрижен заради тензиите на Медитеранот Папата повика на дијалог

Конфликтите на истокот на Медитеранот и Светскиот ден на молитвата за грижата за сето создание и 50 годишнината од воспоставувањето на Денот на планетата Земја беа во фокусот на говорот на Папата после молитвата Ангел Господов.

После молитвата Ангел Господов папата Фрањо изрази загриженост заради тензиите помеѓу Грција и Турција и повика на дијалог. Со загриженост ги следам тензиите во источниот дел на Медитеранот кој го мачат повеќе жаришта на нестабилност – рече Папата и упати апел за конструктивен дијалог и почитување на меѓународните закони за да се решат конфликтите кои му се закануваат на мирот на народите на тоа подрачје.

Папата Фрањо исто така потсети дека на 1 септември се одбележува Денот на молитвата за грижа за создаденото и дека до празникот на свети Фрањо 4 октомври христијаните ќе слават Јубилеј на планетата Земја; тоа ќе биде време на молитва и делување со цел заштита на нашиот заеднички дом.

Задутре на 1 септември ќе се слави Светски ден на молитва за грижа за сето создание. Од тој ден па сѐ до 4 октомври заедно со нашите браќа христијани од другите Цркви и традиции ќе се слави Јубилеј на планетата земја, спомнувајќи го воспоставување пред 50 години, Денот на планетата Земја – истакна Светиот Отец и пофалувајќи ги иницијативите кои се организираат во целиот свет, посебно го спомна концертот кој се одржува денес во катедралата Порт – Луис, главниот град на Маурициус, каде неодамна за жал, потсети Папата, дојде до еколошка катастрофа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот