Заврши првата етапа од 35. Апостолско патување на папата Фрањо

Заврши првата етапа од 35. Апостолско патување на папата Фрањо

Папата Фрањо се прости од Кипар и замина за Грција.

Утрото на 4 декември 2021 година, папата Фрањо ја заврши апостолската посета на Кипар. По приватна света Литургија во капелата на апостолската нунцијатура во Никозија, тој се прости од гостинската куќа, која стана резиденција на бискупот од Рим за време на неговиот престој на Кипар, и се упати до меѓународниот аеродром во Ларнака.

Таму Светиот Отец беше пречекан од претседателот Никос Анастасиадис, со кого имаше краток разговор во ВИП просторијата на терминалот. Папата Фрањо потоа влезе во авион кој околу 8.30 часот полета кон Атина, каде треба да слета околу 10.00 часот.

Програмата на првиот ден од посетата на Папата на Грција вклучува куртоазна посета со шефот на државата и средба со владини претставници, куртоазна посета на приматот на Грчката православна црква Јероним II и средба со католичките бискупи, свештеници, семинаристи, посветени свештеници и катихисти. Денот ќе заврши со приватна средба со Исусовците, која ќе се одржи во Апостолската нунцијатура.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот