Заврши Европската конференција на Радио Марија

Заврши Европската конференција на Радио Марија

Од 1 до 2 март 2023 година директорот на Радио Марија Македонија, о. Гоце Костов учествуваше на Континенталната средба на директорите на Радио Марија од Европа, која се одржа во седиштето на Светското семејство на Радио Марија во Ерба, Италија.

На конференцијата на присутните им се обрати отец Ливио Фанзага, директор на Радио Марија Италија и Светското семејство, како и претседателот на Светското семејство на Радио Марија, г-дин Виторио Викарди.

Во понатамошниот тек на конференцијата се зборуваше за активностите и плановите за престојната година со посебен акцент на Маријатон.

На средбата се споделени програмски, технички и промотивен искуства и активности.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот