Завршија духовните вежби за папата Фрањо и Римската курија

Завршија духовните вежби за папата Фрањо и Римската курија

На крајот од духовните вежби одржани во Домот на божествениот Учител во Арича, папата Фрањо се заблагодари на опатот Џани за размислувањата во минатите денови со кои ги предводеше духовните вежби за него и членовите на Римската курија.

Сакам да ти заблагодарам брате Бернардо, за твојата помош овие денови – се зборовите на благодарност кои папата Фрањо ги упати до опатот Бернардо Франческо Марија Џани, поглавар на опатијата Сан Минијато ал Монте во Фиренца, на крајот од духовните вежби, кои од недела се одржуваа во Арича, недалеку од Рим.

Впечаток ми остави твојата работа, како би нѐ вовел во човечноста, како што тоа го направи Словото, како би сфатиле дека Бог секогаш е присутен во човечноста. Тоа прв пат го направи во потполното овоплотување на Словото, но Тој е присутен и во белезите кои ги остава во луѓето – рече Папата и ги поттикна сите да продолжат да одат по тој пат кој го опиша отец Бернардо во размислувањата. Ти благодарам што ни зборуваше за сеќавањето, таа деутерономска димензија која ја збораваме; за надежта, работата и трпението, управувајќи нѐ на патот како би имале сеќавање за иднината која секогаш нѐ води напред – напомена Светиот Отец.

Потоа Папата рече дека овие денови можел да мисли на пасторалната конституција за Црквата ‘Gaudium et Spes’, на тој соборски документ кој и денес наидува на отпор. Во некои моменти те видов храбар како и соборските оци кога го потпишуваа тој документ. Ти благодарам, моли се за сите нас, сите сме грешници, но така сакаме да одиме напред служејќи му на Господ – рече папата Фрањо и посебни поздрави испрати до монасите во опатијата Сан Минијато ал Монте.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот