Жед за Бог – темата на духовните вежби за Папата и Римската Курија

Жед за Бог – темата на духовните вежби за Папата и Римската Курија

Португалскиот свештеник Хозе Толентино де Мендоња, ќе ги води духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија, кои ќе се одржат од 18 до 23 февруари во домот „Божествениот Учител“ во Аричи, недалеку од Рим.

Папата Фрањо е пастир и татко кој со пророчката сила на своите гестови и на своите зборови, со својата едноставна и јасна комуникација ни ја враќа свежината на Евангелието – истакна португалскиот свештеник Хозе Толентино де Мендоња, поканет да ги води духовните вежби за Папата и членовите на Римската курија, кои ќе се одржат од 18 до 23 февруари во домот „Божествениот Учител“ во Аричи, недалеку од Рим.

Храброста на папата Фрањо

Во разговор за Ватикан Њус, патер Толентино, 53 годишен меѓународно познат теолог, поет и писател, ја истакна храброста на папата Фрањо; неговата – како што рече – пророчка храброст која ги допира сите луѓе и никого не го остава рамнодушен. Тој навистина е големо сведоштво на Светиот Дух во Црквата и во светот во нашето време – рече теологот.

Размислувањата ќе бидат фокусирани на темата жед

Патер Толентино, актуелен заменик на ректорот на Католичкиот универзитет во Лисабон и конзулатор на Папскиот совет за култура, рече дека поканата на Папата ја прифатил со понизност затоа што – како што рече – само сум едноставен свештеник; а со тој предизвик се соочува во духот на служењето на Црквата и на Светиот Отец. Во своите размислувања ќе зборува за жедта, а нивните наслови гласат: „Ученици на чудењето,“ „Забележав дека сум жеден,“ „Таа неважна жед“, „Жед за Исус“, „Солзите проповедаат за жедта,“ „Да пиеш од сопствената жед,“ „Облици на желби,“ „Да се слуша жедта на перифериите,“ и „Блаженството на жедта.“

И Исус рекол: „Жеден сум“

Човечкото срце е неисцрпен резервоар на жед – рече патер Толентино. Секое човечко битие е жедно. Жедно е за љубов, за признание, за односи, достоинство, дијалог, жедно е за средба, жедно е за човечност и многу е жедно за Бог. Меѓу последните Исусови зборови на крстот биле токму тие зборови: „Жеден сум.“ А тоа и понатаму е крикот кој Исус го доверува на својата Црква. Исус б%

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот