Епископската синода за млади се ближи кон крајот. Што потоа?

Епископската синода за млади се ближи кон крајот. Што потоа?

Епископската синода за млади која започна на 3 октомври е се поблиску до крајот. Ќе заврши во недела со свечена света Литургија во ватиканската базилика. Во меѓувреме, на 23 октомври е претставен нацрт завршниот документ, а неговиот текст кој сѐ уште не е за јавноста е поделен на учесниците.

Напорна, генијална, внимателна работа и трка со времето – се карактеристиките на активностите на комисијата задолжена за составување на документот. Тоа беше успешен пример за синодалност кој го покажува совршеното разбирање помеѓу еден исусовец и еден салезијанец – се пошегуваа двајцата специјални секретари на синодата, отец Џакомо Коста и отец Росано Сала, зборувајќи за монашките заедници од кои доаѓаат.

„Instrumentum laboris“ – основен текст

Нацрт завршниот документ е составен врз сонова на „Instrumentum Laboris“,– објасни главниот релатор кардинал Сержио да Роча. Но, додека тој документ произлезе од двогодишното слушање на младите, завршниот документ е разултат на размислувањето на синодските оци во текот на синодата. Станува збор за различни и комплементарни документи кои заедно даваат пегледност на слоевитоста на поттикнатите прашања, како и на динамиката која е применета за соочување со нив. Треба заедно да се читаат – рече кардиналот  – затоа што постојано во суштина се однесуваат еден на друг. Освен Instrumentum laboris извори за завршниот документ исто така се излагањата одржани на синодата и новите начини, односно корекциите произлезени на собирот.

Резултат на тимска работа

Во завршниот документ повторно наоѓаме теми од „Instrumentum laboris,“ но посебно се истакнуваат оние за кои повеќе се разговараше во текот на изминатите три недели. Текстот поделен на 173 параграфи – рече кардиналот Роча – е резултат на тимска работа; негови автори се синодските оци и учесниците на синодата, посебно младите. Нацртот кој сѐ уште не е за во јавност, е предаден на синодските оци кои ќе го прочитат, а потоа ќе можат да предложат додатоци и корекции. Првиот и главен примател на завршниот документ – потсети главниот релатор – е Папата. Со одобрување на Папата документот ќе биде ставен на располагање на целата Црква, партикуларните Цркви, на младите и на сите оние кои работат со младите, во пасторалот со млади и пасторал за звања.

Божјиот народ, појдовната точка и одредиштето

Божјиот народ е и појдовната точка и одредиштето во различностите на општествено-културните и црковните прилики кои се истакнати на синодата. Синодскиот пат – додаде кардиналот да Роча – не заврши, затоа што предвидува и период на примена. Ќе биде важно партикуларните Цркви и епископските конференции да можат креативно и верно да ја преземат динамиката на документот, да ги прилагодат за своите прилики на она што произлегло во текот на синодата. Затоа синодата не завршува – како што рече кардиналот – пасторалните рецепти треба да се применат; а ако начинот на изразување во текстот не е младешки, се потсетува дека синодските оци подготвија писмо упатено до младите во целиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот