Епископот Стојанов служеше полноќна света Литургија во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица

На празникот Рождество Христово, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апсотолски егзарх во Македонија служеше полноќна света Литургија во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. Пред самиот почеток на Литургијата, владиката Стојанов го положи Младенцот Исус во витлеемската пештера. Во сослужение на епископот Стојанов беа повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. Во својата проповед (цел текст) тој се осврна на таинството на божиќниот настан, како и значењето на самиот празник за нас христијаните денес.

Полноќната света Литургија беше збогатена со пеењетона катедралниот хор.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот