Епископите од Мексико: „Не“за хомосексуалните бракови во Уставот

Мексиканските епископи се обратија со соопштение по повод изјавата на претседателот Енрике Пенја Нието дека ќе предложи да бидат признаени во Уставот браковите на парови од ист пол. Овој предлог од страна на мексиканскиот претседател следи по неодамнешната одлука на Врховниот суд на земјата.

Во соопштението – пренесено од агенцијата Sir – потпишано од претседателот на епископската конференција на Мексико (ГЕМ), кардиналот Франциско Роблес Ортега, архиепископ на Гвадалахара и од генералниот секретар, монс. Алфонсо Миранда Гвардиола, помошник епископ на Монтереј, се нагласува дека „приоритет е да се избегне каква било дискриминација“ .Во исто време, ние веруваме дека пред да се преземат какви било мерки за подигнување на законодавниот и демократски процес, потребно е внимателно да се испитаат сите последици до кои може да доведе овој избор“. Уверени сме дека во различноста, карактеристична за нашата нација, сите треба да бидат сериозно сослушани, во духот на конструктивен дијалог и при целосно почитување на институциите. “

Во соопштението се нагласува дека секоја личност, независно од сексуалната ориентација мора да биде почитувана со сопственото достоинство. И покрај тоа, признаената унија или брак меѓу лица од ист пол, не можат да бидат третирани како брак. Никој привремен сојуз, ограничен поради фактот дека не може да го продолжи животот, не обезбедува иднината за општеството“. Епископите ја цитираат по ова прашање неодамнешниот Апостолски поттик Amoris laetitia.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот