Епископите ги собираат луѓето околу Христа

Пред генералната аудиенција во среда Папата се сретна со епископи пријатели на фоколарините, зборувајќи им дека тие не треба да ги собираат луѓето околу себе, туку околу Христос, кој се прикажува во Словото и Евхаристијата.

Епископот не го собира народот околу себе или околу своите идеи, туку околу Христос – рече Светиот Отец зборувајќи им на епископите – пријатели на Движењето на фоколарите, со кои на 4 март 2015 година ги прими во аудиенција во салата Павле VI, кои се собрани во Рим поповед конференцијата „Евхаристија –  тајна на заедништвото“.

Харизмата за единство на Движењето на фоколарите цврсто е вкоренета во Евхаристијата, која му дава христијански и црковен карактер. Единството без Евхаристијата би ја изгубил божествената привлечност и би се сведело на чувства и на човечка, психолошка и социолошка динамика. Евхаристијата од друга страна настојува во центарот да биде Христос, а неговиот Дух, Светиот Дух, да ги води нашите чекори и напори во средба и заедништво – рече Папата додавајќи дека главната служба на епископот е собирањето на „заедницата околу Евхаристијата, околу масата на Словото и Лебот на животот“.

Епископот е на чело на црковното единство, но тоа не може да биде без Евхаристијата. Епископот не ги собира луѓето околу себе и своите идеи, туку околу Христа присутен во Словото и во Светата Тајна на Неговото Тело и Неговата Крв. Епископот, како друг Хрисос, со своето проповедање и сведочење станува живо евангелие, скршен леб за живот на многумина. Кој со вера во Христос се храни со Лебот на животот, Христовата љубов го поттикнува да се жртвува за своите браќа; да излезе, и да им оди во пресрет на маргинализираните и презрените – рече Папата.

Папата посебно им се заблагодари на епископите од Сирија, Ирак и Украина. Страдајќи со својот народ, вие ја вкусувате силата на Евхаристискиот Исус, силата со која ќе можете да одите напред во единство и надеж. Ние со вас сме обединети во секојдневното славење на литургијата; се молиме за вас прикажувајќи ја Христовата жртва, од каде произлегува и разновидната солидарност со вашите Цркви. Завршувајќи го говорот, Папата ги поттикна епископите, пријателите на фоколарите, да го промовираат екуменското движење и меѓурелигискиот дијалог и им се заблагодари за залагањето за поголемото заедништво помеѓу разните црковни движења.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот