Енцикликата „Лаудато си“ од поглед на политичката филозофија

Како треба да се организира нашиот заеднички живот – тоа е темелно прашање на политичката филозофија, која има глобални последици. Енцикликата на Папата „Лаудато си“, ги повикува сите луѓе да ја увидат својата должност во грижа за сето создадено како составен дел од нашиот заеднички живот.

Во  разговор за Радио Ватикан по повод публицирањето на новата енциклика на Папата, Патрик Денин, професор по политичка филозофија на Американскиот Универзитет Нотр Дам, рече дека новиот документ има за цел да стигне и до луѓето надвор од границата на Црквата и да ги поттикне на размислување луѓето од различни основни политички, социјални и духовни претпоставки. Мислам дека енцикликата е многу значајна за оние кои размислуваат на овие прашања – проблеми со животната средина, природата, човечкиот однос со природата, начинот на кој еден политички филозоф би размислувал за нив – рече професор Денин.

Според мислењето на професорот, енцикликата претставува начин на размислување, а не збир на конкретни предлози за политиката. Тој истакна дека темата на енцикликата е многу Томистичка и Аристотелска: луѓето како треба да живеат со природата, а, според зборовите на папата Фрањо, да не паднат во двојно искушение – од една страна да се види дека луѓето се одвоени од природата во нивната способност да доминираат со неа и од друга страна некој анти-хуманизам, кој луѓето ги прави да се чувствуват како странци во природата, како да се некој вид на вирус кој треба да се отстрани – истакна Денин.

Во делот каде енцикликата говори за управувањето, професорот истакнува дека најпрво станува забор за управување со самите себе. Папата Фрањо повикува на одредена само-контрола и власт над нашите копнежи кон светот да се однесуваме утилитаристички. Таквниот начин на размислување, како што објаснува професорот Денин, опфаќа различни пдорачја на човечката активност. Ако тоа учење се преведе во однос кон човечкото тело, би можело да се каже дека се работи за истата наука како за контрацепцијата и абортусот: не треба да се однесуваме кон човечкото тело и природните процеси на утилитарен начин, за да би доминирале со овие процеси.

„Прво прочитајте го документот“ – препорачи професорот по политичка филозофија. Ако некој забележи дека не се согласува со неговата содржина, би требало да се запраша зошто му дава отпор и на кој начин црковната наука, со која се согласува, го повикува да има согласно разбирање со науката на Црквата и во врска со оваа енциклика. Истото би им го рекол – додаде професорот –  на оние кои се многу возбудени околу новатата енциклика, но можеби помалку се воодушевени во однос на социјалната наука во областа на сексуалната моралност. Ми се чини – заклучи професорот – дека е доследна социјалната наука на католицизмот и дека ќе ги предизвика луѓето на различни политички партии.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот