Екуменскиот дијалог помеѓу Католичката и Православните цркви

За односот помеѓу приматот на Папата и соборноста (синодалноста) расправаат католички и православни теолози, а тоа е најчувствителната точка од екуменскиот дијалог помеѓу Католичката и Православните цркви, рече крфскиот архиепископ Јоанис Спитерис, член на Мешовитата теолошка комисија за католичко – православниот дијалог, говорејќи за Радио Ватикан.

Соборноста не е исход на дијалогот со православните – бидејќи не може да се негира соборноста, таа е во црковната структура, нашиот Господ ја сакаше – туку на институцијата како би се живеела соборноста во склад со приматот на Римскиот епископ. Се разбира, тоа не е лесно. Треба да се пронајде начин, тоа го сака Папата и епископите: сопостоење на Петровиот примат и на синодалното тело кое не е само тело – епископи кои се собираат и го советуваат Папата – туку израз на вистинска, ефективна соборност; со Римскиот епископ редовно да носат одлуки за целата Црква.

Тоа не е лесно, меѓутоа централна тема на последните средби на Мешовитата комисија е токму соборноста и приматот. Веќе го комплетиравме текстот кој целата комисија треба да го усвои на седницата од 15 до 23 септември во Нови Сад, Србија. Се надеваме дека ќе успееме да усвоиме текст кој ќе биде од помош на Црквите – рече надбискупот Спитерис.

На забелешката дека Папата ја истакнува важноста на молитвата за единство на христијаните, архиепископот Спитерис нагласи дека има потешкотии, но и многу убави работи. Документот на Вториот Ватикански собор (Ut unum sint) „Да бидеме едно“ говори за прочистување на историското паметење. Верувам дека наслагите од минатото се поголем проблем од вистинските догматски проблеми. На крај, непобитна е вистината дека има многу повеќе од она што нè обединува од она што нè дели – рече архиепископот и додаде: Потребно е обраќање на срцето, промена на менталитетот да се прифати различноста на другиот. Разликите не се спорни, тие се комплементарни, а тоа често го истакнуваме. Тука во Грција, треба да се признае, постои голема симпатија кон папата Фрањо. Весниците скоро секој ден зборуваат за него, а тоа е позитивен знак: се менува менталитетот, начинот на гледање на другиот. Верувам во делувањето на Светиот Дух, не треба да се очајува – заклучи архиепископот Спитерис.

РВ/С.С.

1330

Категорија: Ватикан

За авторот