Евромонета со ликовите не светите Кирил и Методиј

Братислава, 22.6.2013 /к.мк/ – Монетата во спомен на 1150 години од мисијата на свети Кирил и Методиј во Великоморавија со вредност од едно евро, ќе биде пуштена во оптек во јули. Монетата на која се преставени светите солунски браќа Кирил и Методиј со ореол и крст, предизивка полемики во Европа. Пуштањето во оптек е со задоцнување од два месеци поради долгиот спор во Европската комисија, која врз основа на протестите од некој земји, побара укинување на верските симболи од еврото. Повикувајќи се на проблемот, кој веќе е надминат, Катарина фон Шнурбајн, одговорна во Европската унија за дијалог меѓу верските и секуларните групи, нагласува дека европските власти не се наменети да поттикнуваат антихристијански политики. Во интервју за „Њујорк тајмс” претставничката на ЕУ коментира: „Често пати изгледа дека Европската унија се стреми да ја избрише секоја вера, но не е така. Одржуваме врски со оние кои веруваат, како и со оние кои не веруваат”. ЕУ, наведува фон Шнурбајн, дава голема важност на дијалогот меѓу верниците и неверниците.

На крајот на минатата година Централната европска банка им нареди на Словачка да отстрани некои симболи од проектомонетите, почитувајќи го принципот на верска непристрасност. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<