Еве одличен начин како да поминеш 15 минути со Исус

„Не треба многу да знаеш за тоа дека ми се допаѓаш. Доволно е да ме љубиш. Едноставно разговарај со Мене, како да разговараш со најдобриот пријател.“

Во ова брзо време имаме сѐ помалку време за себе, а камоли за Исус. Но, секогаш можеме да најдеме 15 минути за Него… Можеме да побараме отворена Црква, капела или да бидеме дома, на клупата во паркот, на прошетка покрај морето… наутро, напладне или навечер. Можеме да отидеме на обожавање пред Пресветата Евхаристија и таму да останеме насамо со Господ. Текстот на свети Антун Марија Кларет кој ќе го прочитате е идеален за кратка молитва и разговор со Господ. Ви препорачуваме овој текст да го испечатите и да го носите со себе.

Молитвата е замислена како разговор, разговор со нашиот Отец… Затоа, да останеме во тишина, да се одделиме од надворешниот свет, од гужвата, да дојдеме пред нашиот Господ, пред нашето Небо, да го замолиме нашиот ангел чувар да моли со нас. Да клекнеме пред Пресветата Евхаристија или да се замислиме пред Пресветата Евхаристија.

Пред Пресветата Евхаристија

Не треба многу да знаеш за тоа дека ми се допаѓаш. Доволно е да ме љубиш. Едноставно разговарај со Мене, како да разговараш со најдобриот пријател.

Сакаш ли да ме замолиш нешто за некого?

Кажи ми го неговото име и кажи што сакаш сега за него да направам. Барај многу повеќе од тоа! Не плаши се да молиш! Зборувај ми едноставно и искрено за сиромашните кои сакаш да ги утешиш, за болните чие што страдање го гледаш, за блудните кои копнееш да ги вратиш на правиот пат. За секого од нив кажи ми барем еден збор.

А што е со тебе, зарем не треба и за себе некоја милост?

Кажи ми отворено дека можеби си горделив, себичен, лукав, неуреден… и тогаш замоли ме да ти помогнам во твоите мали или големи напори кои што ги правиш за да се ослободиш од тоа. Немој да се срамиш! Многу праведници, многу светци на небото ги имале истите мани како и ти. Немој да се плашиш да ме замолиш и за здравје, за успех во својата работа или учењето. Сето тоа можам и сакам да ти го дадам. Сакам да ме молиш за сето она што не пречи на твоето посветување, туку да го поттикнува и олеснува. Кажи ми што ти е денес толку многу потребно? Што да направам? Само кога би знаел колку искрено сакам да ти помогнам!

Имали некоја лична потреба?

Довери ми ја! Што те загрижува? За што размислуваш? Што сакаш? Што можам да направам за твоето семејство, за твојот брат, сестра, за твојот маж, жена, твојот син, твојата ќерка, твоите пријатели, твоите претпоставени… Што сакаш ти за нив да направиш? А што сакаш јас за нив да направам? Зарем не сакаш јас да се прославам? Нели би сакал да направиш некое добро на своите пријатели кои многу ги сакаш, а кои можеби живеат и не мислејќи на мене! Кажи ми што денес посебно те загрижува. Што најмногу сакаш? Кажи ми ако нешто не ти успева и јас ќе ти покажам што е причината за тоа. Зар не сакаш да бидам потполно твој?

Дали се чувствуваш можеби тажно или безволно?

Раскажи ми ги сите детали! Што те растажи? Кој те повреди? Кој го повреди твоето достоинство? Кој те презре? Довери ми сè и наскоро ќе можеш да ми кажеш дека си поттикнат од мојот пример сè да простиш и да заборавиш. Како награда ќе те утешам со својот благослов. Можеби се плашиш? Дали чувствуваш во душата вознемиреност која е неоправдана, но не престанува да ти го раскинува срцето? Фрли се во прегратките на мојата провидност! Јас сум со тебе, овде крај тебе! Јас сè гледам, сè слушам и ниту момент нема да те оставам во неволја. Чувствуваш ли одбивност кон луѓето кои те сакале, а сега се одделиле од тебе и те заборавиле без никаква причина. Моли се за нив и јас ќе ги вратам ако не се пречка на твоето посветување.

Зарем нема да ми кажеш и нешто убаво?

Зошто не ми дозволиш со тебе да се радувам, па јас навистина сум ти пријател. Раскажи ми што силно те утеши и развесели после нашата последна средба! Веројатно си доживеал некое пријатно изненадување, си слушнал добра вест, си примил писмо кое те развеселило, си доживеал знак на внимание. Можеби си совладал некоја тешкотија, си излегол од безизлезна ситуација? Сето тоа е мое дело! Единствено ми кажи: Оче мој, ти благодарам!

Зареми ништо нема да ми ветиш?

Јас ја гледам длабочината на твоето срце. Луѓето можат да се излажат, но Бог не! Затоа биди целосено искрен! Дали цврсто одлучи дека повеќе дека да се излажеш на онаа заводлива можност за грев, дека повеќе нема да ја читаш она книга која ја надразнува твојата имагинација, дека повеќе нема да се дружиш со оние луѓе кои внесуваат немир во твојата душа? Сакаш ли повторно да бидеш благ, љубезен и услужлив кон оној ближен кој до денес си го сметал за свој непријател бидејќи згрешил пред тебе? Добро сега врати се на своите секојдневни обврски, на својата работа, на своето семејство, на учењето. Но, не ги заборавај 15-те минути кои овде заедно ги поминавме! Сочувај ја колку што можеш: тишината, внатрешната собраност, скромноста и љубовта кон ближниот. Сакај ја мојата Мајка која е и твоја Мајка.

Дојди ми повторно со срце уште поисполнето со љубов и уште попосветено на мојот Дух. Тогаш секој ден во моето Срце ќе наоѓаш нова љубов, нова добрина и нова утеха.

Битно.нет/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот