Евагелизирајте ги младите за да се отворат за Господовиот повик

Евагелизирајте ги младите за да се отворат за Господовиот повик

Евагелизирајте ги младите за да се отворат за Господовиот повик.

Да се прегрне посветениот живот не значи „да се биде херој“, ниту да се прикажуваш на другите како пример, туку да стоиш со оние кои страдаат, свесни за своето сиромаштво, со довербата во Господ и во Неговата неизмерна љубов – напиша папата Фрњо во пораката до учесниците на 25 Генерално заседание на Шпанската конференција на високи монашки поглавари и поглаварки кои до четврток се одржува во Мадрид. Осврнувајќи се на темата на заседанието: „Ќе ви дадам иднина полна со надеж“, Папата потсети на патот кој го поминала конференцијата, како на плодната историја и на богатата сокриена и тивка посветеност и светост.

Папата во пораката поттикнува на служење и на оживување на посветениот живот во Шпанија, гледајќи во историјата, но во исто време и во иднината. Потребни ни се мажи и жени на надежта – продолжува Светиот Отец цитирајќи една од мислите за Годината на посветениот живот која се славеше во 2015 година, „прифати ја иднината со надеж.“

Тешкотиите со кои денес се среќава монашкиот и богопосветениот живот се покажува во намалувањето на духовните звања, стареењето на членовите, економски проблеми, меѓународниот предизвик и глобализацијата, замките на релативизмот, маргинализацијата и обесправеноста во општеството – пишува папата Фрањо и нагласува: Сепак, токму во тие околности расте надежта во Господ кој единствено е способен да помогне и да спаси.

Меѓу моменталните предизвици Папата ја истакнува евангелизацијата на младите за да се отворат за Господовиот повик, за да се заразат со радоста на Евангелието и припаѓањето на Христос. Папата мисли на храбри монаси и монахињи кои треба да отворат нови патишта и да се стави прашањето за звањето како темелна христијанска определба. Посветениот живот оди во светост правејќи ги делата на милосрдието, враќајќи се на слушањето на повикот и на живеењето со Црквата во Црквата, излегувајќи од удобноста за да се биде блиску до човечкото стрaдање и разочарување кое го очекува светлото на Евангелието.

Има многу предизвици со кои денес се среќава монашкиот живот. Времињата се променија и нашите одговори мора да бидат поинакви. Потребно е во одлуките да имаат предност животот на молитвата, личната средба со Исус, заедничкото разпознавање и дијалогот со епископот. На крајот од пораката папата Фрањо посакува да живеат со понизна храброст гледајќи на иднината и слушајќи го Светиот Дух за навистина да бидат пророци на надежта.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот