Духовни вежби на сестрите Евхаристинки

Од 8 до 14 мај 2016 година сестрите Евхаристинки од провинцијата „Божјо провидение“ во Македонија одржаа духовни вежби, кои ги водеше дон Паво Шеќерија, духовник во надбискупската семинарија „Петар Барбариќ“ во Травник

Духовните вежби се одржаа во монаманастирот на сестрите во Радово. На духовните вежби присуствуваа 14 монахињи заедно со провинцијалната поглаварка с. Стефанија Георгиева.

Водителот дон Шекерија, во текот на духовните вежби размислуваше за одредени делови од Светото Писмо, говорејќи катехези за евангелските совети за послушноста, чистотата и сиромаштвото; улогата на Блажена Девица Марија во животот на христијаните како и катехеза за повикот за светост.

к.кмк/Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот