Духовни вежби за сестрите Евхаристинки – провинција Божјо провидение

 Од 21 до 26 октомври 2013 свештеникот од Дружбата на асумпционисти о. Петар Љубас одржа духовни вежби за сестрите Евхаристинки – провинција Божјо провидение во Македонија.Духовните вежби беа одржани во Провинцијалната куќа на сестрите Евхаристинки во Скопје, а учествуваа осумнаесет сестри, на чело со провинцијалната поглаварка с.Стефанија Георгиева.

Водителот ги одржа духовните вежби размислувајќи за делот од Евангелието од Иван 4 глава „За средбата на Исус со Самаријанката“, врз основа на размислувањето на свети Августин.

Сестрите на овие средби размислуваа за Божјата љубов, по примерот на Самаријанката која како жена го бара изворот на живата вода, постојано жедна за љубов и живот, која кога еднаш ќе го пронајде, ја гасне жедта и срцето го исполнува со љубов, станувајќи носителка на живата вода на сите луѓе.

Последниот ден од духовните вежби, сестрите ги посети Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монсињор д-р Киро Стојанов кој ја предводеше светата Литургија. Тој ги охрабри сестрите во верата секогаш да бидат блиску до Господ и на тој начин да бидат неуморни носителки на Божјата љубов, а изрази благодарност и до водителот на духовните вежби о.Петар.

извор: КТА/Д.Т./ Превод: Е.А.

Категорија: Македонија

За авторот