Духовни вежби за сестрите Евхаристинки

Од 5-9 мај 2015 година, деканот на Католичкиот богословски факултет во Сараево и каноник во Врхобосанската надбискупија, монс. д-р Павао Јуришиќ ги водеше духовните вежби за монашката заедница на сестрите Евхаристинки

во нивната провинцијална куќа во Скопје.

Тема на духовните вежби беше „Божјиот повик упатен на човекот“, во кој човекот добива задача да го слуша и следи во извршувањето на задачата која му е доверена. Монсињор Јуришиќ одбрал размислувања кои се темелат врз библиските ликови: пророкот Осија, Самуел, Јаков, Јеремија и Даниел. Повикот е авантура која се исплати да се живее, затоа што Бог е неговата награда.

Свечената литургија на последниот ден од духовните вежби ја предводеше Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, а проповед одржа монс. Јуришиќ кој како постулатор на слугата Божји д-р Јосип Штадлер го претстави ликот на овој прв врхбосански надбискуп.

Бискупот Стојанов на крајот од литургијата му се заблагодари на гостинот кој ги водеше духовните вежби правејќи споредба помеѓу слугата божји д-р Јосип Штадлер, основоположник на сестрите Слугинки на Малиот Исус и основоположникот на сестрите Евхаристинки отец Јосиф Алоати. Јосип Штадлер во Босна дошол во 1882 година, а Јосиф Алоати истата година доаѓа во Македонија. Во 1889 година Штадлер ја основа заедницата на Сестрите Слугинки на Малиот Исус, а таа иста година е основана и монашката заедница на сестрите Евхаристинки. Во центарот на харизмите на заедниците е Исус Христос кој е цел на христијанскиот живот, прославен и во служба на ближниот.

к.мк/д.Д.Т./превод: Е.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Uncategorized

За авторот