Духовни вежби за Папата и Римската курија: Наука за жедта

Духовни вежби за Папата и Римската курија: Наука за жедта

„Наука за жедта“ е темата за првото размислување на духовните вежби во понеделник 19 февруари 2018 години, кои се одржуваат во Аричи за папата Фрањо и Римската курија. Последните зборови од Книгата Откровение се повикот: „Кој е жеден нека дојде“. За тие зборови проповедникот дон Хозе Толетино де Мендонка, размислуваше во своето излагање како би го разбрале терминот „изобилство“ и „бесплатност“ на животот кој го нуди Бог на човекот, како и проценките за одговорот на денешниот човек.

Исус доаѓа во пресрет на нашата историја, таква каква што е, во својата непотполност, празнина или неуспех, за да ни каже: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.“ Исус знае колку многу препреки нѐ кочат и колку застранувањата нѐ забавуваат. Толку сме блиску до изворот, а одиме така далеку – напомена проповедникот и објасни: Во желбата и во жедта се наоѓаат две спротивставени чувства: привлекување и оддалечување, пренос и внимание. Поради тоа треба да си го поставиме прашањето: Копнееме ли за Бог? Знаеме ли да ја препознаеме својата жед? Дозволуваме ли со тек на време да ја сфатиме?

Жедта ни го зема здивот, нѐ исцрпува, не прави изнемоштени. Не остава да бидеме блокирани, без сила за реагирање, нѐ доведува до последните сили – напомена дон Хозе и додаде: Многу се зборува против конзумизмот на трговските центри, но да не заборавиме дека конзумизмот постои и во духовниот живот. Факт се нашите општества кои ја наметнуваат потрошувачката како мерило за среќа, желбите ги претвораат во стапици.

Тоа е жедта на денешниот човек. Жед која се претвора во недостаток на љубов во однос на она што е важно, во неспособноста за расудување. А во нашите општества постои замка: имено секогаш кога мислиме дека ќе ја згаснеме својата жед во некој излог, преку купуваље, со некоја работа, поседувањето ја смалува нејзината вредност, а тоа во нас ја зголемува празнината. Предмет на нашата желба е непостоечки ентитет, предмет кој секогаш ни недостасува – истакна дон Хозе и додаде: Сепак, Господ не престанува да ни зборува: „Кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум!“

Има многу начини на кој можеме да ги залажуваме потребите и да применуваме однесување на духовно бегство, а никогаш да не бидеме свесни дека сме во бегство – рече проповедникот и ги поттикна сите луѓе да го забават чекорот. Да бидеме свесни на своите потреби, да седнеме на трпезата на верата, но не поради материјални или економски причини, туку поради причина за животот – рече дон Хозе. Жедта за односите, за прифаќање и љубов е присутна во секое човечко битие. Ние ги презираме како да не го заслужуваат нашето внимание. Бегаме од таа жед, како ништо да не може да ни откријат за Бог.

Реалноста е токму спротивна. Жедта е биографско наследство која треба да ја препознаеме и да заблагодариме за неа (…) Можеби уште не сме успеале да му заблагодариме на Бог за својата жед, за доброто, за патот и изворот кои Бог ги стави во нашиот живот. Затоа да ја довериме нашата жед на Бог – поттикна на крајот дон Хозе.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот