Духовна обнова на свештениците од Струмичко – скопската епархија

Духовна обнова на свештениците од Струмичко – скопската епархија

Во понеделник 11 април 2022 година во просториите на парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци се одржа редовна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која присустсвуваше и епископот, Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов.

Духовната обнова започна со молитвата Шести час, по што следуваа два духовни наговори. Најпрво о. м-р Ванчо Назов зборуваше на тема „Учете од мене и ќе најдете мир“, а потоа о. Гоце Костов ја понуди за размислување темата: „Едно ти недостига. Оди продај сѐ што имаш, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото“. Потоа следуваше кратка диискусија врз основа на предавањата.

Средбата продолжи со света Исповед и света Литургија, која ја предводеше епископот Стојанов.

Во парохиската сала следуваше заедништво и агапе и со тоа заврши духовната обнова на свештениците од Струмичко – скопската епархија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот