Духовна обнова за свешетници

Нова Маала, 17.5.2013 /к.мк/ – Во просториите на парохијата Успение на Пресвета Богородица – Нова Маала во четврток 16 мај се одржа духовна обнова. На неа учествуваа Н.В.П. д-р. Киро Стојанов и свештеници од Апостолскиот Егзархат во Македонија. На духовната обнова предавање одржа о. Георги Динов, парох во Секирник, на тема Совест, образложувајќи едно длабоко размислување: кога ни зборува нашата совест, а кога нашето его, давајќи примери од секојдневниот живот. По предавањето следеше богата дискусија поврзана со темата.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<