Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија

Во вторник 30 декември 2014 година во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала се одржа духовна обнова за свештеници. На оваа средба присуствуваа Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Макеоднија, како и свештениците од Апостолскиот егзрхат во Македонија. Средбата започна со молитва од Часословот, а потоа о. Гоце Костов во своето предавање користејќи ги ликовите од евангелието го приближи настанот на Рождеството Христово.

По предавањето следуваше дискусија поврзана со темата, а потоа имаше можност за света Исповед, а духовниот дел заврши со света Литургија. На крајот од духовната обнова свештениците во парохиската сала се задржаа во заедништво и разговор.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот