Духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија

Духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија

На 17 јуни 2021 година во просториите на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија, на која покрај свештениците присуствуваше и Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

На духовната обнова духовно размислување одржа о. Тома Ангелов, парох во Богданци, кој зборуваше на тема: Месец јуни посветен на Пресвето Срце Исусово. Во своето излагање тој се осврна на историските почетоци на празникот и побожноста до Пресвето Срце Исусово. На крајот од размислувањето следуваше кратка дискусија, а владиката Стојанов се заблагодари на отец Тома Ангелов за поучните зборови.

Потоа следуваше света Исповед и света Литургија, а заедништвото заврши со агапе во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот