Духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзрхат

Во понеделник 10 февруари 20014 година во парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци се одржа духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На почетокот од духовната обнова Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ги поздрави присутните свештеници, а средбата започна со молење на Часословот. Протоереј ставрофор о. Георги Трајков говореше на тема „Молитва“. По предавањето се отвори дискусија на темата, а потоа следуваше света Исповед и света Литургија. На крајот од духовната обнова свештениците во парохиската сала се задржаа во заедништво и разговор.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот