Духовен повик: противење, оправдувања…

Духовен повик: противење, оправдувања…

Многу повеќе од порано, денес често се случува личноста која сака да тргне по патот на духовниот повик се среќава со противења, оспорувања и оттргнувања од сите страни, па и од своите најблиски (родители и други членови на семејството). Вистината е дека родителите секогаш го сакаат само најдобро за своите деца кои ги родиле и одгледале. Има многу кои што никогаш не размислувале за тоа дека среќата е токму во тоа да се следи Божјата волја. Многу родители мислат дека нема да бидеш среќен додека не станеш она што тие го замислиле или сакаат.

Родителите имаат различни планови, желби и соништа за своите синови и ќерки. Но, доколку не се големи практиканти на својата вера веројатно никогаш не ни размислувале за дuховниот повик како животен пат и избор за своите деца; такво нешто ги руши нивните желби и планови. Сепак, сведоштвата на многу свештеници и монаси зборувaат за тоа дека родителите кои на почетокот се противеле на повикот на своите деца, со текот на време, доживуваат вистинско преобраќање и сами ја пронаоѓаат среќата, станувајќи отворени за Божјето Слово и за Божјата волја.

Кое е твоето оправдување?

Јаков бил лажливец, 6360

Петар имал тежок карактер,

Давид имал вонбрачна афера,

Ное знаел да се напие,

Јона бегал од Бог,

Павле бил убиец,

Гидеон бил несигурен,

Мирјам била озборувачка,

Марта постојано се грижела,

Тома се сомневал,

Сара била нестрплива,

Илија бил чуден,

Мојсеј пелтечел,

Захеј бил со низок раст,

Авраам бил стар, …

Кое е ТВОЕТО оправдување???

Може ли Бог да те употреби?

Тој не ги повикува оспособените, туку повиканите ги оспособува!

Ако се одлучиш, немој да мислиш дека Бог при тоа згрешил!

Немој да чекаш да бидеш совршен и достоен!

Немој да се потпираш на тоа што другите ќе го зборуваат!

Секогаш биди свесен дека искуството на посветување на Господа никогаш нѐ не лишува од слободата, туку напротив нѐ прави слободни!

Духовни позив блогспот/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот