Духовден– Силата на Светиот Дух

Духовден– Силата на Светиот Дух

Свесни сме дека во нас и во светот делуваат добри и зли сили. Ние сме слободни и повикани сме да одлучуваме за доброто и против злото. Тоа совеста му го налага на секој човек.

Црквата учи дека со источниот грев влегува злото во човекот, го рани човекот скоро до смрт, исто така и свети Павле вели, го ограбил од убавината на Божјото среќавање така што човекот е исфрлен од првобитниот простор или од рајот каде што се среќавал со Бога. Човекот се приврзал кон гревот, кон страстите, кон лошиот говор, мисли и дела. Во него постои копнежот за доброто и благородното, за правдата и љубовта, но тоа тој може само да го посакува но не и да го оствари, вели свети Павле во Посланието до Римјаните.

Човекот да би бил тоа за кое тој копнее потребна му е нова сила од Светиот Дух. Затоа Исус го испратил на Црквата Светиот Дух за да таа им го даде на луѓето. Всушност на нас ни стои на располагање семоќната сила на Светиот Дух, која може да ги излечи слабостите на нашиот дух, да нѐ охрабри за добри дела, мисли и зборови и да биде со нас за да нѐ води, да нѐ поучува, да нѐ охрабрува, да нѐ теши, да нѐ воведува во вистината и да ни сведочи дека сме Божји миленици. Неопходно е само да го молиме Светиот Дух да се всели во нас, да го излечи нашето битие од моментот на зачнувањето па до денес, да нѐ исполни со својата сила против секое зло, за да може во себе и во другите да ја надвладееме силата на гревот, на омразата, на злосторството, на лагата и на преправањето. Ние може да бидеме многу подобри и посилни, многу покреативни и послободни, доколку го молиме Светиот Дух засекогаш да биде наш водич и инспиратор.

Имаме на располагање да бидеме подобри луѓе. Никогаш не смееме да бидеме немоќни и послаби од искушението на злото. Ние сме посилни во Оној кој не зајакнува. Да го молиме Светиот Дух: Дојди Душе Свети, исполни ме со Својата благодат, разгори ја во мене силата на Својата љубов. О дојди Створителу Душе Свети, води ме, зајакнувај ме, оживувај ме, поучи ме да бидам надеж на светот.

Томислав Иванчиќ/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот