ДР Конго: Убиен уште еден свештеник 

ДР Конго: Убиен уште еден свештеник 

Нема мир во Норд Киву во Демократска Република Конго. По крвопролевањата во Великата седмица, убиен е уште еден свештеник. Застрелан е во задниот дел на главата, додека бил на состанок со неколку соработници лаици после светата Миса.

Дон Етјен е убиен на терен – рече за Радио Ватикан монс. Теофил Кабој Рубонека, епископ на Гоме главниот град на покраината Норд Киву. Беше Божји човек и сите го познаваат по неговото ангажирање во барањето на мир за тоа место – истакна епископот и додаде: Сите овде сме во постојана опасност. Овде е вистински пекол.

Убиствата и киднапирањата се секодјневние

Дон Етјен е третиот свештеник жртва на бандата и бунтовничките групи присутни во тој дел на Демократска Република Конго. Епископот Рубонека меѓу останатото раскажа уште еден драматичен настан за свештеник кој бил киднапиран, а пред неколку денови пуштен на слобода. На почеткот ни бараа 500 000 долари – рече – потоа го спуштија износот на 50 000, а на крајот на 3000 кои се платени. И сега ниту еден ден по неговото пуштање на слобода пристигна таа трагична вест за уште едно убиство, заради кое локалното население е тероризирано и се создава голем хаос.

Целосно напуштени

Насилството не престанува и покрај присуството на редовната војска и сините шлемови на мисијата на Обединетите нации. Никој не успева ништо да направи, а војската нè не штити – рече епископот. Освен тоа во било кој случај на насилство или убиство истрагата не доведува до никакви решенија. Што се однесува до смртта на дон Етјен епископот рече дека лаиците од тоа подрачје знаат кој пукал, го знаат и името. Ќе покренеме истрага, но властите секогаш велат дека нешто ќе направат но на крајот ништо не се случува. Така состојбата останува критична; ни останува само да се довериме на Провидноста и да се молиме – истакна на крајот епископот Рубонека.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот