Државниот секретаријат ќе се преименува во Папски?

Ватиканскиот државен секретаријат најверојатно ќе се преименува во „Папски секретаријат“. Ова го изјави чилеанскиот кардинал Франциско Еразуриз за списанието „Vida Nueva“. Кардиналот Еразуриз е еден од групата осум кардинали, со кој папата Фрањо се советува за реформи во Куријата.

Секретарот на Кардиналскиот совет, епископот Марчело Семераро изјави дека преименувањето не е само техничка работа. Називот „Државен секретаријат“ може да се разбере погрешно, бидејќи „има политичка аконтација“, изјави епископот од Албано за „Corriere della Sera“. Поради тоа треба да се стави акцент повеќе на „црковната димензија на секретарот, да се стави во преден план дека е помошник на Папата.

Папата Павле VI веќе во 1967 година во еден текст поврзан со реформите во Куријата спомнува „Државен секретаријат или Папски секретаријат“.

Извор:РВ/Превод: го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот