Дрвената црква во Романија ја освои наградата на Европската Унија за културно наследство Europa Nostra’

Дрвената црква во Романија ја освои наградата на Европската Унија за културно наследство Europa Nostra’

Црквата во Уржа посветена на Навестувањето на Блажена Дева Марија и на Арахангел Михаил е градена од 1757 до 1785 година.

Европската комисија и организацијата ‘Europa Nostra’ ги објавија овогодинешните добитници на наградата на Европската Унија за културно наследство, најзначајното европско признание на подрачјето на културното наследство. Меѓу нив е и прекрасната дрвена црква во Романија од XVIII век во малото место Уржа, а чија темелна обнова неодамна е довршена.

„Ова е резултат на примерна интердисциплинарна конзервација на насликана дрвена црква во рурално подрачје. Направена е од материјал од непосредната околина, таа е пример на изворедна вредност и убавина“ е заклучокот на Комисијата. Обновата на црквата траела од 2009 до 2020 година, а реализирана е во текот на летните месеци под покровителство на голем број домашни и меѓународни институции и фондации.

Црквата во Уржа е посветена на Навестувањето на Блажена Дева Марија и на арахангел Михаил, а градена е од 1757 до 1785 година. Преживеала пожар во 1838 година откако е обновена и насликана. Со изградбата на нова црква во населбата овој бисер на дрвена сакрална архитектура е препуштена на забот на времето, а од 2007 година повторно е „откриена“ и следува нејзина темелна обнова: градење на темели, обнова на кровот, замена на дотраената дрвена конструкција и обнова на фреските. Во обновата учествувале 250 работнции и 102 волонтери од Романија и странство.

Наградата Европска наследство ‘Europa Nostra’ е престижна награда на Европската унија која се доделува еднаш годишно за поединечни или групни остварувања кои ја карактеризираат изворедноста во полето на културното наследство на ниво на Европа. Наградата се доделува еднаш годишно за да се препознаат и промовираат најдобрите практики во заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство, поттикнува прекугранична размена на знаење и искуства во цела Европа, подигнувајќи ја свеста на јавноста за европското културно наследство и да се поттикнат понатамошни позитивни иницијативи.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот