До Папата пристигнуваат пораки од целиот свет со желби за побрзо оздравување

До Папата пристигнуваат пораки од целиот свет со желби за побрзо оздравување

Верски и политички лидери ширум светот испратија желби за оздравување и молитви за папата Фрањо, кој се опоравува во римската болница Џемели од операцијата, која ја имаше поради т.н. дивертикуларна стеноза на дебелото црево. Меѓу пораките за брзо закрепнување се и оние на Вселенскиот православен патријарх Вартоломеј I, сунитскиот имам Ахмад ал-Тајеб, а порака за поддршка упати и главниот римски рабин Рикардо Шемуел Ди Сегни.

Патријархот Вартоломеј I. духовниот водач на источните православни христијани, му испрати братски желби за брзо закрепнување, „за повторно да го видам во заедничкото, многу потребното посалние за христијанското единство, за кое Христос нè повикува“.

Големиот имам Ал-Азхара Ахмад ал-Тајеб од египетскиот Каиро, му посака на Папата преку Твитер „брзо закрепнување на неговиот драг брат кое ќе го врати во неговата мисија за човештвото“.

Со слична порака за поддршка и вера во брзо закрепнување на Папата се придружи и главниот римски рабин Рикардо Шемуел Ди Сегни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот