Дон Мартин Михаличек избран за нов Генерален секретар на CCEE

Дон Мартин Михаличек избран за нов Генерален секретар на CCEE

Претседателите на европските епископски конференции собрани во Познан на годишна пленарна сесија на 14 септември 2018 година го избраа дон Мартин Михаличек за Генеравен секретар на CCEE за пет годишен мандат.

Дон Мартин Михаличек е новиот Генерален секретар на Советот на европски епископски конференции (CCEE). Претседателите на европските епископски конференции собрни во Познан на годишната пленарна сесија (13 до 16 септември) го избраа дон Мартин Михаличек за Генерален секретар на Советот на европски епископски конференции за мандат од пет години. Дон Мартин веднаш стапува на должност. Службата Генерален секретар ја наследува од Дуарте да Куња на кој оваа година му завршува вториот петгодишен мандат. Претседателот на CCEE кардиналот Анџело Бањаско надбискуп на Џенова, заедно со потпретседателите, кардиналот Винсент Николс надбискуп на Вестминстер и Станислав Гадецки надбискуп на Познан и претседателите на епископските конференции му се заблагодарија на о. Дуарте да Куња за неговата посветеност во водењето на секретаријатот на CCEE, и на дон Мартин Михаличек заради неговата подготвеност да ѝ служи на Црквата во Европа.

Дон Мартин Михаличек е роден на 18 август 1974 година. За свештеник е ракоположен во 1999 година. Истата година ги завршува студиите по филозофија и теологија на универзитетот „Коменски“ во Нитра; студирал исто така на универзитетот во Салзбург од 1993 до 1995 година. Во 2005 година магистрира по катехетика на Салезијанскиот Папски универзитет во Рим, а потоа докторат по катехетика на универзитетот „Коменски“ во Братислава (2008). Од 2007 година предава на епископската семинарија во Нитра (Република Словачка); од 2008 -2017 ја врши службата директор на Епископската катехетска канцеларија во Нитра Словачка, а од 2015 година е модератор на Епископската духовна трпеза во Нитра (Словачка). Од јануари 2018 година е заменик Генерален секретар на CCEE. Зборува германски, италијански и англискијазик.

Службата Генерален секретар на CCEE до сега ја извршувале Алојз Шустар од Словенија (1971-1977), кој подоцна е избран за љубљански надбискуп, о. Иво Фурер од Швајцарија (1977-1995) подоцна избран за епископ на Санкт Гален, монс. Алдо Џордано од Италија (1995-2008) кој моментално е апостолски нунциј во Венецуела и монс. Дуарте Нуно Кеироз де Барос да Куња од Португалија (2008-2018)

ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот