Доделена „Наградата Рацингер“ за 2014 година

Кардиналот Герард Лудвиг Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата, во сабота 22 ноември 2014 година, во името  на папата Фрањо на двајца угледни научници им ја додели„Наградата Рацингер“ за 2014 година. „Конгрегацијата за наука на верата посебно му должи на Јозеф Рацингер, не само затоа што тој го водеше овој дикастериј повеќе од 23 години, туку затоа што Конгрегацијата има за задача да ја промовира и чува науката на верата, исклучително богатата теологија на почесниот Папа, која во тој поглед е од голема важност“, бидејки во неа „зрачи целата сила и убавина на христијанската наука“ – рече кардиналот Милер, потсетувајќи дека папата Рацингер е наречен „Моцарт на теологијата“.

„Иако разумот надминува, верата не е ирационална. Додека еден дел претпоставува разумот, другиот го прочиствува, го подига и го исполнува“ – рече префектот на Конгрегацијата за наука на верата, потсетувајќи се на зборовите од „енцикликата на двајцата Папи“, Лумен фидеи (Светло на верата). Кардиналот Милер потоа им се заблагодари на промоторите на делата на почесниот Папа; дела кои се „од големо значење за денешната Црква и денешниот свет“.

Оваа година се наградени двајца научници со „наградата Рацингер“: Ана-Мари Пелетиѐ, доцент по Светото Писмо и библиска херменевтика во Париз, и професор монс. Валдемар Хростовски, доцент по егзегеза на Стариот Завет и на теологијата во Варшава.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот