Мајка Тереза за доброто расположение

Доброто расположение е карактеристика на великодушните луѓе. Како вело неретко го сокриваат животот полн со жртвување. Човекот кој има дар на добро расположение често ги достигнува висините на совршенството. Болните и бедните во нас нека пронајдат навистина ангели кои ги разбираат и утешуваат. Зошто Бог ја благослови нашата работа во сиромашните населби? Не поради нашите посебни квалификации, туку поради радоста, која сестрите ја шират околу себе…

Радоста е многу заразна. Кога работите со сиромашни, бидете преплавени со радост.

Едноставно среќни со Исус

Бидете среќни. Настојувајте во своите заедници да бидете знак на Божјата среќа. Мораме да бидеме Божји знаци на автентичното Христово сиромаштво. Не мрморете за своето сиромаштво, нека тоа биде извор на вашата блескава среќа. Не жалете се на луѓето за својот тежок живот, туку бидете едноставно среќни со Христос!

Запознајте се самите себе

Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни. (2 Коринтјани 13,5)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Размислување, Свет

За авторот