Добро ми е, не го чепкај мојот мир

Било каде да се свртиш ќе пронајдеш мноштво луѓе кои живеат во својот индивидуализам и во својата егоцентричност. Важно им е на нив да им е добро, сега да се во некој мир и тоа случајно никој да не го наруши.

И така доаѓаме до проблемот на просечноста и млакоста кај многу верници, но тој не е единствениот проблем затоа што затнување на претходните „канали“ во нас, канали каде што Бог прозборува.

Сите некако тежнееме кон тоа да имаме сè што е потребно; работа, стан, материјална сигурност. А тогаш кога сето тоа ќе го стекнеме премногу сме навикнале на својата самотија и тешко ни е да примиме во својот живот некој поинаков на кој би требало да се навикниме и да го толерираме. Има сѐ повеќе млади луѓе кои не се одлучуваат ниту за брак, ниту за свештенички или монашки повик. Никој не сака да посегне по својата внатрешност и да го прифати ризикот со потписот на празната хартија, без разлика дали е венчален лист или манастирски образец. Се плашиме и од одговорности затоа што ни е мила нашата лична комотност.

Набрзо доаѓаме до своите убави години, влегуваме брзо во триесетите и тогаш започнуваме да чувствуваме дека нешто ни недостасува, дека не сме целосни, исполнети. Сфаќаме дека нашиот живот е полн со рутински работи кои сме почнале веќе механички да ги извршуваме или сме сè уште кај своите родители кои ни пружат сè што ни е потребно и за ништо не мораме да се грижиме. А ако немаме работа (што денес не е реткост) се задржуваме пред малите екрани или пред мониторот на компјутерот со што ја труеме својата внатрешност со содржини кои ни пружат моментално задоволство, но не и исполнување. Тогаш се случува во нашиот живот да влезе некоја личност која Бог ни ја испраќа како сродна душа или гласник на Неговиот повик упатен до тебе, но премногу е тешко да го оставиш она што го имаш: да почнеш од почеток, да се прилагодиш и да дозволиш некој да те корегира!

Вистина тешко е кога веќе си создал свој свет во кој ти е убаво. Не е лесно да го напуштиш тоа и да тргнеш во авантура за која не знаеш дали е вистинска, авантура која не ти пружи гаранција затоа што ниту во случај на брак, ниту во случај на духовен повик не можеш да се потпреш на своите способности или таленти. Во тој случај треба да се потпреш на Оној од Кој доаѓа целата милост и целата сила, а тоа малку е ризично затоа што кој ти гарантира дека Бог ќе соработува со тебе?!

Живот во полнина е живот кој бара согласност на ризик, а тоа не е ништо друго туку нашата вера. Довербата во Бог дека ќе биде тука, дека ќе ти даде одговори во одреден момент. Вера и доверба во Него и кога Тој не одговара и кога Го нема! Но, денес кога сè што знаеме го засноваме на научни докази тешко е да поверуваш во Оној неопипливиот и недофатливиот затоа што не сме во состојба да Го препознаеме и опипаме во себе самите, во луѓето околу нас, во ситуацијата во која се наоѓаме. Сигурноста која Бог ни ја дава ако одговориме на брачниот или духовниот повик, сигурност која бара за возврат откажување од самите себе, откажување од личните желби, гордоста, воспоставените навики. Тоа нè чини но ако соробатуваме со Бог тоа се исплаќа, тоа станува полесно и стануваме способни да ги носиме и другите, а не само себе. Сè има своја цена, но наградата за љубовта секогаш е вечниот живот, Царството кое е ветено на оние кои поверуваа и љубат!

Но само ако чувствуваш внатрешен поттик, привлечност кон духовниот или брачниот повик немој да се сомневаш дали е тот тоа, затоа што Бог не доаѓа во голем стил, Тој доаѓа како благ ветар кој шепоти на нашето срце. Нашето срце ќе може да го слушне тој глас само ако сака да ја слушне вистината и да живее отворено и искрено. Не плаши се од тој повик. Не плаши се ниту од љубовта која те привлекува. Вистина е дека иднината не е баш јасна, ниту има некакви показатели дека ќе остане како што е сега без разлика дали со твојата сродна душа или со Бог, но она што сигурно можеш да го знаеш дека животот се состои од предизвици, ризици, несигурности, но довербата во Бог која никогаш ниту некогаш ќе те остави.

Сврти се човеку и излези од своите желби, пориви, задоволства и личниот мир и погледни на оние кои Бог ти ги испраќа секој ден. Погледни на оние кои ти зборуваат што гледат во тебе, поверувај и својата несигурност дади ја на Оној Кој единствено го знае твојот пат, но Кој сака да биде твојот живот и твојата вистина без оглед дали во семејството или во манастирот, богословијата или во врската. Дозволи му да ти го нарушува твојот мир, твојата сигурност, твоето стабилизирање. Дозволи му на Бог да го заниша коработ на твојот живот за да може да те исполни и да те отвори за полнината на животот! Љубовта прави сè поинаку! Премногу сме ние себичните кои не сакаме промени во својот живот, туку промени кај другите, но тоа не мора да остане така! Само поверувај му на тој шепот во своето срце и одлучи се да го следиш Христос или да живееш со оној кој го сака твојот одговор пред олтарот! Само треба да се препуштиш на Неговите раце како мало дете и да поверуваш дека нема да дозволи да се отргнеш од Неговите раце!

с. Марија Пиа Тадијанов/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Ознаки живот, мир, одлука

За авторот