Добрите луѓе треба да делуваат

Што за Вас претставува семејството и дали е тешко да се одржува семејната хармонија?

Ако се имаат во предвид денешните стандарди, нашето семејство е прилично големо. Сопругата Ивана и јас имаме пет деца: Јаков (14), Ева (11), Давид (8), Ана (3) и Вера (1).

Вака големото семејство за мене претставува радост, но носи и бројни предизвици со кои е потребно секојдневно соочување. Распонот на возраста на нашите деца зборува дека се бориме со многу разновидни нешта, од пелени до пубертет. Семејството, од една страна ми е засолниште од сите проблеми и потешкотии со кои се сретнувам во професионалниот живот, но и непроценлив полигон на личниот духовен раст. Мислам дека никаде човек нема можност  да тренира меѓусебна љубов, стрпливост, несебичност, себедавање и со тоа духовно да се изградува како што е тоа случај во семејството. Имено, семејството бара постојана континуирана и безинтересна љубов. Иако, честопати и сам ќе се најдам во ситуација кога по напрониот ден ќе дојдам дома и очекувам разбирање или чин на љубов што некој друг ќе го направи кон мене, многу брзо сфаќам дека меѓусебната љубов не се подразбира сама по себе, туку дека одново треба да се гради во секој даден момент. Сфаќам дека морам да тргнам од себе и дека јас сум токму тој кој со својот пример мора да ја покаже љубовта: да љубам прв и сите да ги љубам на начин со кој воспитно ќе влијаам врз сопствените деца.

Денешното време е полно со предизвици, како се соочувате со нив?

На секој чекор на личен, семеен или професионален живот се сретнувам со ситуации кои бараат христијанска мудрост и доследно живеење на вредностите за кои се залагаме. Понекогаш е многу тешко да се истрае на избраниот пат, особено кога се работи за воситување на децата. Речиси секојдневни се ситуациите како „…но тој може ова или она, тој може да си игра колку сака, таа го има ова, зошто јас не можам…“ Разрешувањето на таквите ситуации првенствено бара огромна доза на љубов и стрпливост. Честопати таквите ситуации значат и прифаќање на болка, било наша родителска, заради детската настојчивост за нешто што не е примерно, било детска, заради родителското скратување на нивните желби. Без доверба во Божјата љубов и неговото Слово многу тешко би можеле да истраеме и да се спротиставиме на предизвиците на овој свет. Понекогаш е потребно да се направат и некои поболни резови за да истраеме пред искушенјата и предизвиците кои секојдневно ни се ставаат на пат. Телевизијата на пример. Ние семејно решивме во нашата куќа да немаме ТВ. Всушност, имаме апарат, но немаме сигнал.

Инаку, пред извесно време решив и политички да се ангажирам и службено да пристапам на една политичка опција која ги застапува вредностите кој и самиот се обидувам да ги живеам.

М-р Хрвоје Шлезак

За авторот