Децата од Нова Маала молеа за мир и единство во светот

Децата од Нова Маала молеа за мир и единство во светот

На 18 октомври 2016 година по повод иницијативата „Еден милион деца молат света Бројаница“, децата од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала се приклучија на милиони деца од целиот свет во молитва за мир и единство во светот.

На почетокот од светата Бројаница, парохот о. Спасо Ристов на присутните им го објасни значењето и суштината на оваа иницијатива. Децата во поделени групи ја молеа светата Бројаница, стоејќи околу Светата Бројаница која за оваа иницијатива беше направена од најмладите.

к.мк/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот