Десет интересни работи за Божиќ кои можеби не сте ги знаеле

Десет интересни работи за Божиќ кои можеби не сте ги знаеле

Навистина инстересно.1.Во светот постојат шест градови и села кои се викаат Витлеем. Зборот Витлеем пак значи „куќа на лебот“.

2.Првата Витлеемски пештери со призор за Рождеството Христово се направени од свети Фрањо од Асизи во пештера во италијанскиот град Гречио. Биле „живи јасли“ затоа што Фрањо ставил новороденче помеѓу волот и магарето.

3.На местото на пештерата на раѓањето на Исус во IV век била изградена базилика. На местото каде што биле јаслите во кои Марија го положила Исус е обележано со голема сребрена ѕвезда со натпис на латински „Тука Дева Марија го роди Исус Христос“.

4.Во 330 година е 25 декември како датум за славење на Исусовото рождество. Во тоа време во Рим се славел празникот на Непобедливото Сонце – Natalis Solis Invicti, во Грција Дионис, а старите Египќани го славеле раѓањето на Хорус.

5.Грофот Никола Монте Мелини напишал неколку стихови и реченици со убави желби за Божиќ во 1709 година и им ги испратил на своите пријатели и роднини, па затоа се смета за изумител на божиќните честитки. Иако идејата беше добро прифатена, испраќањето на божиќните честитки се проширува дури во 19 век кога две печатници во Милано почнале да продаваат разгледници со пригодни цртежи.

6.Австриските и германските власти го забранија ликот на Дедо Мраз, тврдејќи дека тој е производ на Кока-Кола и го одвлекува вниманието на луѓето од вистинското значење на празникот. Иницијативата за оваа кампања започна од Виена, каде Свети Никола традиционално носи подароци.

7.На чешкиот крал Венцеслав (Vaclavu) може да му се заблагодариме за прекрасниот обичај да се подготвуваат разни колачи и да се даваат подароци на сиромашните и немоќните. Приказната вели дека Венцеслав од прозорецот на својата кралска палата видел премрзнат сиромав човек кој на улицата просел за огревно дрво, па така тој наполнил кошница со храна и му ја однел. Тој, исто така, организирал божиќна гозба за своите најсиромашни поданици. Тоа било во 10 век.

8.Песната „Тивка ноќ“, изворно „Stille nacht“, била напишана од парохискиот свештеник на австрискиот град Оберндорф Џозеф Мор, а музиката ја создал учителот Франц Грубер откако оргулите на парохиската црква се расипале во 1818 година.

9.Илјадници писма упатени до малиот Исус пристигнуваат во австриското село Кристкиндл (преведено како Детето Исус). Од 1950 година, поштата таму одговара на сите кои испраќаат писма, а поштенскиот жиг се менува секоја година. Адресата гласи: Child Jesus – Christkindl, Postamt, A-4411 Christkindl, Австрија.

10.Според еден документ од средината на 17 век, за прво дрво со запалени свеќи се смета елката во дворецот во Хајделберг, на чии гранки за прв пат светеле вистински свеќи на свадбата на францускиот војвода во 1650 година, која била за време на Божиќ.со неговото раѓање и на тој начин ја симболизира светлината која Исус со своето раѓање му ја донесува на светот.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот