Десет години понтификат на папата Фрањо: Мисионерска ревност по патиштата на милосрдието и мирот

Десет години понтификат на папата Фрањо: Мисионерска ревност по патиштата на милосрдието и мирот

Поминаа десет години од 13 март 2013 година, кога Хорхе Марио Бергољо беше избран на Петровиот престол. Неговиот понтификат е обележан со ревност за евангелизација и постојан напор за црковни реформи во мисионерска смисла.

„Времето е повеќе од просторот“, е изјава на папата Фрањо, која е содржана во неговиот прв Апостолски поттик „Evangelii gaudium“, која некако содржински ги опфаќа десетте години поминати од почетокот на неговиот понтификат. За Хорхе Марио Бергољо – првиот папа Исусовец, првиот што доаѓа од Латинска Америка, првиот што го избра името Фрањо и првиот Папа во модерната ера што е избран по абдикација на неговиот претходник – „просторот ги кристализира процесите, времето наместо тоа насочува кон иднината и охрабрува да одиме напред со надеж“. Ова сфаќање на времето станува клуч за разбирање на сегашниот понтификат, кој се одвива на два начина: прогресивен и кружен. Првата е кога станува збор за иницирање процеси, а втората е кога станува збор за средба и братство.

Во прогресивното читање, пред сè треба да се потсетиме на Апостолската конституција „Praedicate evangelium“ објавена во 2022 година, ѝ дава на Римската курија повеќе мисионерска димензија. Меѓу новитетите се издвојуваат создавањето на Дикастеријата за евангелизација, со која директно раководи Папата и создавањето на Дикастеријата за каритативна служба. Во документот се нагласува и вклученоста на мирјаните во Куријата и се сумираат бројните реформи што Папата Фрањо ги спроведе во економската и финансиската сфера во текот на една деценијата, меѓу кои е и создавањето на Секретаријатот за економски прашања во 2015 година.

Процесите што ги иницираше папата Бергољо се однесуваат и на екуменизмот, меѓурелигискиот дијалог и синодалноста. Конкретно, во 2015 година е востановен Денот на молитвата за грижа на созданието, кој секоја година се слави на 1 септември заедно со Православната црква, повикувајќи ги христијаните на „еколошка преобраќање“. Тој апел е застапен и во втората енциклика на овој папа „Laudato si’“ на тема грижа за нашиот заеднички дом, објавена истата 2015 година (првата беше заедничка со претходникот „Lumen fidei“). На почетокот на 2016 година, во Куба се одржа првата средба меѓу Папата и московскиот патријарх. Исто така, поблиску до нашите денови е заедничкото Апостолско патување со поглаварот на Англиканскиот Комонвелт, надбискупот од Кентербери, Џастин Велби и модераторот на Собранието на црквата на Шкотска, Јан Гриншилд.

Ако зборуваме за меѓурелигиски дијалог, неговата пресвртница е со Документот за универзално човечко братство и соживот, кој папата Фрањо и големиот имам Ахмад Ал-Таиб го потпишаа на 4 февруари 2019 година во Абу Даби. Овој текст е фундаментален момент во односот меѓу христијанството и исламот, охрабрувајќи го меѓуверскиот дијалог и недвосмислено осудувајќи ги тероризмот и насилството.

Овој Папа веќе свика 5 синоди. Важна промена се случи и во контекст на синодалноста. Следното редовно Генерално собрание, веќе 16-то по ред, кое ќе се одржи во Ватикан на две сесии во октомври 2023 и октомври 2024 година на тема „За Синодална Црква: заедништво, учество и послание“, и ќе биде последна фаза од тригодишниот процес. Овој процес, кој вклучуваше слушање, расудување и советување со Божјиот народ, беше поделен на три етапи – епархиско, континентално и универзално.

Прогресивната временска рамка на папата Фрањо, исто така, ја вклучува и борбата против сексуалните злосторства врз малолетници и гбеспомошни возрасни лица, што кулминираше со самитот во Ватикан во февруари 2019 година за заштита на малолетниците, кој ги собра сите претседатели на бискупските конференции. Станувајќи јасен израз на желбата на Црквата да дејствува во вистина и транспарентност, оваа средба донесе различни плодови, меѓу кои и Апостолското писмо во облик на Motu proprio Vos estis lux mundi, кое дефинира нови процедури за поднесување изјави за злоупотреба и насилство и поднесување одговорност на епископите и монашките поглавари.

Кружната или циркуларната димензија на понтификатот на папата Фрањо се врти околу вниманието кон периферните делови на светот, географските и егзистенцијалните. Оттаму, според Светиот Отец, реалноста подобро се гледа отколку од центарот, и оттаму се враќаме збогатени интелектуално и во срцата. Пример за тоа се 40-те меѓународни Апостолски патувања, од кои речиси сите беа насочени на периферијата од гледна точка на верата или од гледна точка на социјалната димензија, или 36-те пасторални посети во Италија. За тоа сведочи првата посета на понтификатот на 8 јули 2013 година, чија цел беше италијанскиот остров Лампедуза, симбол на Медитеранот за миграцијата и нејзините трагични аспекти. Подеднакво важна беше и екуменската посета на грчкиот остров Лезбос, од каде 12 сириски бегалци со авион заминаа со него во Италија, откако добија помош за интеграција во Рим. Темата за миграција, која треба да се развива според четирите глаголи: прима, штити, поддржува и интегрира, е важна манифестација на „кружниот“ времеплов на овој понтификат, кој постојано ја нагласува борбата против т.н. отфрлање на непотребните јазици“ и „глобализација на рамнодушноста“.

Во перспектива на визијата на Црквата како „сиромашна за сиромашните“, папата Фрањо посветува големо внимание на сиромашните и постарите, на кои во 2016 и 2021 година им посвети посебни Светски денови во Црквата. Неговата загриженост за последните ја изразуваше и преку „Милосрдни петоци“, односно приватни посети на различни институции кои им помагаат на сиромашните.

Кружната мерка на времето на папата Фрањо може да ги вклучат и неговите постојани напори во интерес на мирот. Прекрасен израз на тоа е енцикликата „Fratelli tutti“, објавена на 4 октомври 2020 година. Таа повикува на братство и општествено пријателство, кажувајќи одлучно „не“ на војната. Две години по нејзиното објавување, повиците на документот за „вистински и траен мир“ заснован на „глобална етика на солидарност“ во контекст на ескалацијата на војната во Украина изгледаат пророчки во свет кој сѐ повеќе запаѓа во „трета светска војна во делови“. Како пример за „мировна дипломатија“ може да се спомене молитвата за мир во Светата Земја, која се одржа во Ватиканските градини на 8 јуни 2014 година со учество на претседателите на Израел и Палестина, обновувањето на дипломатските односи меѓу Куба и САД на 17 декември истата година, што се одржа со посредство на Светиот Престол и лична комуникација на Папата со шефовите на двете држави. Истиот правец на напори вклучува и потпишувањето на Привремената спогодба во 2018 меѓу Светиот Престол и Народна Република Кина за именување епископи година, кој беше продлжен во 2020 и 2022 година. Веќе на вториот ден по почетокот на големата инвазија на Украина, Папата лично отиде во руската амбасада при Светиот Престол искажувајќи подготвеност да посредува, одржа неколку телефонски разговори со претседателот на Украина и постојано повикува за прекин на огнот.

Врската меѓу папата Фрањо и неговите претходници е силна. На почетокот на втората година од неговиот понтификат, на 27 април 2014 година ги прогласи за свети Иван XXIII и Иван Павле II, а на 14 октомври 2018 година Свети Павле VI. На нив треба да се додаде и блажениот Иван Павле I, чија беатификација Светиот Отец го изврши на 4 септември 2022 година. Но, врската со Бенедикт XVI, кој почина на последниот ден од 2022 година, беше посебна. Во текот на овие речиси десет години, папата Фрањо никогаш не ја криеше својата огромна почит кон својот претходник, посочувајќи ja во различни прилики неговата теолошка софистицираност, почитуван однос и пожртвуваност.

И за крај, некои статистики. Папата Фрањо до денес одржа 430 Генерални аудиенциии, започна 21 серија катехези и ја предводеше молитвата „Ангел Господов“ повеќе од 550 пати. Одржа 8 конзистории и именува 111 нови кардинали. Заедно со 800 маченици од Отранто, канонизирал 911 светци. За време на овој понтификат се одржаа Годината на посветениот живот (2015-2016), Годината на Свети Јосиф (2020-2021) и Годината на семејството – Amoris Laetitia (2021-2022). Во 2016 година се случи извонредната Света Година на милосрдието, а во тек се подготовките за Јубилејот 2025 година.

За многу години свети Оче!

Категорија: Вести, Колумни

За авторот