Десетти ден: Како што им зборуваше на татковците наши

Десетти ден: Како што им зборуваше на татковците наши

Почитуван читателу,

Денес сретни се со Исус во светата Тајна Исповед, допри Го преку Евхаристијата, разговарај со Него во молитвата, со благодарност за тоа духовно патување. Откриј ги благодатите кои Бог ти ги даде во овие десет денови.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

Како што им зборуваше на татковците наши, на Авраама и на потомството негово довека. Таа голема милост за нашето вечно спасение Бог ја откри и објави на патријарсите и пророците почнувајќи од Авраам. Тоа големо ветување се исполнило преку големото дело на откупувањето. Да биде секогаш слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Прашања:

На кој начин ја зацврстувам мојата вера: се приближувам ли до светите Тајни? Дали читам духовна литература? Се трудам ли да ја пренесам верата во Христос на тие што не ја познаваат?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот