Ден на Црвениот крст за здравствените работници во борба против пандемијата

Ден на Црвениот крст за здравствените работници во борба против пандемијата

На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, на чиј поттик е основан Меѓународниот одбор на Црвениот крст

Дела со кои се прават многу добрини – се зборовите со кои папата Фрањо на Литургијата во Домот на Света Марта се осврна на Светскиот ден на Црвениот крст, најголемата меѓународна хуманитарна организација која веќе 157 години независно и неутрално дава помош во кризните подрачја низ светот. Мотото „Продолжете да аплаудирате“, со кој сака да се одбележи овој ден, посветен е на здравствените работници и волонтерите на Црвениот крст и Црвената полумесечина кои се борат на првата линија во сузбивањето на пандемијата на болеста КОВИД – 19.

14 милиони волонтери во 192 земји на светот

Имено, на 8 мај 1828 година во Женева е роден Анри Динан, швајцарски хуманитарец и претприемач, на чиј поттик 1863 година е основан Меѓународниот одбор на Црвениот крст. Денес организациите на Црвениот крст и на Црвената полумесечина се присутни во 192 земји низ светот и имаат околу 14 милиони волонтери кои се водат по начелата на хуманоста, непристрасноста, неутралноста, независноста, доброволноста, единството и универзалноста.

Присуство во локалните заедници

Многу е значајно нивното присуство на подрачјата кои се опустошени од војна, болест, глад и од природните катастрофи како и психолошката помош и материјална поддршка на сиромашните заедници. Над сè се истакнува нивната присутност и близината внатре во локалните заедници. Во врска со тоа потпаролот на  Меѓународниот Црвен крст Томасо дела Лонга, објасни дека нивните волонтери биле на место на итните случаи пред, за време и по настанот, бидејќи и самите припаѓаат на засегнатата локална зедница. Тоа се личности кои ги познаваат потребите и обичаите на земјите во кои се дејствува, што е позитивен фактор и во време на пандемијата затоа што тие се веќе подготвени на лице место – истакна дела Лонга.

Ватикан /к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот