Денот кога Иван Павле II тагуваше со американскиот народ

Денот кога Иван Павле II тагуваше со американскиот народ

Светиот Отец уште кратко време се задржува пред телевизорот, а потоа влегува во блиската капела во која уште долго останува во молитва. Побрзал да воспостави контакт со тогашниот американски претседател Џорџ Буш за да му изрази поддршка и да му даде поддршка во молитвата.

Поранешниот директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Жоакин Наваро-Валс се присети на моментот кога тогашниот папа светиот Иван Павле II го известил дека три авиони удрија во Светскиот трговски центар и во Пентагон. „Се сеќавам на тоа ужасно попладне како да беше вчера. Му се јавив на Папата кој во тој момент престојуваше во Кастел Гандолфо и му ги кажав страшните вести. Тој не беше само шокиран од трагедијата туку и од несфатливиот факт дека човекот може да направи такво зло,“ објаснува во интервју кое во 2011 го дава за Ватикан Инсајдер.

Иван Павле II е Папа кој за жал почувствувал трагедија и војна. Пораснал гледајќи како неговата родна Полска ја преземаат нацистите и советите, а подоцна како Папа пловел по опасните меѓународни води на Студената војна. И покрај тоа терористичките напади на Америка длабоко го тргонале.

„Беше многу потресен и тажен. Се прашуваше како можеше да се случи толку одвратен напад,“ се присетува Наваро-Валс. Опишува како Светиот Отец уште кратко време се задржува пред телевизорот, а потоа влегува во блиската капела во која уште долго останува во молитва. Побрзал да воспостави контакт со тогашниот американски претседател Џорџ Буш за да му изрази поддршка и да му даде поддршка во молитвата. „Сакам на Вас и на вашите граѓани да ја изразам мојата длабока жалост, но и близина во молитвата за нацијата во овој мрачен и трагичен момент,“ напиша Папата до поранешниот американски претседател.

Поранешниот амбасадор на САД во Светиот Престол Џејмс Николсон уште во 2011 година за National Catholic Register ја опишува својата средба со Иван Павле II која се случила само два дена после терористичките напади. „Папата најпрво ми рече дека чувствува голема болка заради мојата земја, која е нападната. После тоа измоливме молитва за жртвите на нападот и за членовите на нивните семејства,“ објаснува Николсон. Во текот на таа средба Папата кажал зборови кои на Николсон го увериле колку длабоко Светиот Отец ја сфаќа опасноста од меѓународниот тероризам. Имено Папата рече: „Амбасадоре, ова не е напад на САД, туку и на целото човештво. Мора да ги запреме луѓето кои убиваат во името на Бог.“

Тој 11 септември 2001 година беше вторник. Веќе следниот ден во средата Папата на редовната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар на верниците меѓу останатот им порача: „Денес  го делам сочувството со американскиот народ, кој вчера беше подложен на нечовечки терористички напади кои ги земаа живототите на илјадници невини луѓе и предизвикаа неискажлива тага во срцата на сите жени и мажи со добра волја. Вчера навистина беше мрачен ден во нашата историја, ужасно дело против мирот, страшен напад на човечкото достоинство.“

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот