Денови на христијанскиот филм

Со проекцијата на филмот „Марчелино, леб и вино“ на 15 јуни 2014 година започнаа „Деновите на христијанскиот филм“ во парохијата Свети Иван Крстиел – Струмица, иницијатива на брачните парови од парохија во соработка со Католици.мк.

„Деновите на христијанскиот филм“ се одржуваат од 15-29 јуни 2014 и во тој период ќе бидат прикажани три филма со христијанска содржина и порака. Проекциите се одржуваат секоја недела со почеток од 20.00 часот во парохиската сала.

Католици.мк се вклучи во иницијативата овозможувајќи преводи на македонски јазик.

К.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот