Денови на света Мајка Тереза: Светица на темнината

Денови на света Мајка Тереза: Светица на темнината

На 4 септември односно на вториот ден од манифестација со духовно културни настани во рамките на „III. Денови на св. Мајка Тереза“ кои се одржуваат од 3 до 5 септември 2018 година, е изведена преставата „Светица на темнината“ во Драмскиот театар во Скопје.

На претставата присуствуваа Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. Киро Стојанов, помошниот епископ врхобосански монс. Перо Судар и голем број граѓани.

Драмскиот текст е напишан од професорот по македонска и храватска литература, наратологија и културологија на Филолошкиот факултет во Скопје, Венко Андоновски, а во режија на Ивана Перош од Загреб.7832

Претставата „Светица на темнината“ ја следи хронологијата на животот на Мајка Тереза; нејзиното скромно католичко семејство во кое се родила, во Скопје, во 1910 година, раѓањето на желбата за да се замонаши и да се посвети на сиромашните, како и нејзиниот пат преку Загреб, Ирска до Калкута каде го основа редот Мисионерки на љубовта. На патот препознаваме голема сила и енергија со која таа ситна жена ја сведочи исправноста на својот пат помагајќи им на најсиромашните и најбедните, на оние од кои сите кренале раце, не гледајќи на вера, боја на кожа и националност, имајќи го на ум само човекот на кој му треба љубов и помош.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот