Девојка без момче

Девојка без момче

Дали вие сте дама која го чека својот господин? Ако сте девојка без момче (или со погрешно момче), ќе ви предложиме неколку факти за кои треба да бидете свесни.

Забележана си. Можеш да се чувствуваш како невидлива. Можеш од време на време да се чувствуваш како да не постоиш. Можеш да се запрашаш самата себе дали имаш слој на невидливост кој те сокрива од погледите на сите момчиња. Но ти си забележана. Можеби немаш момче кој се бори за твоето внимание, но и понатаму си забележлива. Можеби си девојка која на забавата стои сама. Можеби си девојка која никогаш не е поканета на танц. Меѓу твоите пријателки ти си можеби единствена која ја нема „другата половина”. Сето ова може да биде точно, но вистина е дека си забележана.

Некој што те познава

Можеш да погледнеш околу себе и да се чувствуваш како да немаш никој во просторијата кој навистина те познава. Можеш да се чувствуваш како никој да не сака да те запознае, посебно момчиња. Можеш да бидеш обесхрабрена и да се чувствуваш осамено. Но некој те познава. Можеби немаш редици момчиња кои сакаат да разговарат со тебе или спој во блиска иднина, но сеедно некој те познава. Сето ова може да биде вистина, но најточната вистина е дека сепак некој те познава.

Ти си убава

Да. Сега најверојатно ги превртуваш очите или се потсмевнуваш, но тоа е точно. Можеби немаш момче кое ти ласка на твојот надворешен изглед или е воодушевен од твојата убавина. Можеби немаш момче кој секојдневно ти зборува дека си убава. Можеби се чувствуваш непривлечна обично на твојот најубав ден, но точно е дека си убава.

Ти си сакана

Можеби во минатото си била повредена или едноставно запоставена. Можеби се чувствуваш недостојна за љубов. Можеби веруваш дека во тебе нема ништо што машкото би можел да сака, но грешиш. Те молам послушај го тоа: Ти. Си. Сакана. Можеби имаш моменти на сеќавање кои го докажуваат спротивното, но најточната работа за тебе како човечко суштество е оваа – ти си сакана.

Ти си вредна

Ти си вредна за љубовта и наклоностите. Можеби не се сметаш вредна за ништо, особено за љубовта и наклоностите. Можеби ти е кажано дека не си вредна или си имала момче кој направил да се чувствуваш недостојна за љубовта. Можеби си направила, би кажала, си видела работи кои направиле да се чувствуваш целосно недостојна за наклоностите. Можеби едноставно веруваш, од која било причина, дека си сама по себе безвредна без обзир што си направила. Но тоа, пријателке моја, едноставно не е точно. Ти си вредна.

Девојко без момче…

Затоа, девојко без момче, забележана си. Дури и ако во моменти си претпазлива и се чувствуваш невидлива во морето од убави девојки, забележана си од Отецот. Дури и ако никој не те поканува за танц или не гледа во твојата насока и понатаму си забележлива. Забележана си од Бог кој сѐ гледа. Без оглед каде одиш секогаш ќе бидеш забележана од Него. Нема место каде можеш да побегнеш само за да се скриеш од Неговиот поглед.

Девојко без момче, некој те познава. Можеш да гледаш околу себе и да видиш парови, да слушаш приказни и да се чувствуваш осамено, непознато, невредна за некој да те запознае. Но не си сама и потполно си позната. Всушност, позната си од почетокот на времето. Дури и ако ниту едно момче сега не се труди за да те запознае, тоа не е затоа што не си вредна за да бидеш запознаена. Бог те гледа и сака да те знае поблиску. Тој ништо не сака повеќе, освен повеќе време да помине со тебе. Тој сака да го окупира целото твое внимание и да биде поврзан со тебе. Твојот Отец те познава од надвор и од внатре.

Девојко без момче, ти си убава. Веројатно гледаш околу себе и ги гледаш девојките кои имаат момчиња кои се борат за нивното внимание и се прашуваш што ги прави нив попривлечни, што тие имаат, а ти немаш? Се обложувам дека доаѓаш до следниот заклучок – тие се убави, потенки, смешни, дружељубиви, полни со забава и заводливи, многу повеќе од тоа што ти не си. Но сакам да те предизвикам. Тие се убави, но и ти си. Ти си целосно убава и во тебе нема мана, бидејќи си создадена совршено по сликата на совршениот Отец.

Девојко без момче, ти си сакана. Не треба да постои ,,принц на бел коњ’’ во твојот живот за да се чувствуваш сакана. Ако не запамтиш ништо друго, запамти го ова – ти си сакана. Толку си сакана. Толку сакана што некој умре за тебе. Или уште подобро, Он умре за да ти го спаси твојот живот. Постои ли подобра, подостојна љубов?

… и на крај

На крај, девојко без момче (или со погрешно момче), послушај го ова: ти си вредна. Вредна си за момче кое ќе те почитува и негува. Вредна си за момче кое ќе се однесува со трпение и нежност. Вредна си за господин и со тебе да постапува како со дама. Тогаш, биди таа дама и чекај го господинот. Бидејќи вреди да се чека.

Ќе те оставам со тоа: не мораш да бидеш потенка или повисока или смешна или паметна или надарена или заводлива или било што друго. Забележлива си, позната, убава, сакана и вредна токму таква каква што си, со момче или без момче.

П.С. Доволна си.

Жена Врсна/Тања Стојанова/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност, Колумни
Ознаки девојка, момче

За авторот