Двајцата Папи заедно ќе престојуваат во Кастел Гандолфо

Тоа ќе биде новина во црковната историја: почесниот папа Бенедикт XVI (2005-2013) и папата Фрањо, според медиуми блиски до Ватикан заедно ќе престојуваат во Кастел Гандолфо. Според нив, почесниот папа на почетокот на месец јули, по покана на неговиот наследник на неколку недели ќе се зарджи во папската летна резиденција, која е во близина на Рим.

Најверојатно папата Фрањо првите денови од јули исто така ќе ги помине во Кастел Гандолфо, пред да замине на неговото апостолско патување во Јужна Америка.

Овие информации не се официјално потврдени од Ватикан.

Кат нет/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот