Да ја фрлиме мрежата (Лука 5, 1-11)

Исус стои пред нашите несигурности, немирите и стравовите во животот предизвикани од брановите на „Генисаретското езерото.“ Исус погледнува на нашиот кораб, на нашиот живот.

Се приближува и влегува во Него. Не плаши присуството на Исус во нашиот кораб, подобро е така како што самите според сопствени критериуми и вредности ќе продолжиме да живееме „во слобода“. Нашето срце е исплашено кога Исус е во коработ затоа што тогаш настанува потрес на нашата внатрешна состојба, ја добиваме сликата на самите себе, гледајќи се колку сме ранети од гревот, окупирани со секојдневните грижи, склони на површни работи, не запловувавјќи подлабоко во својот живот.

Исус сака да внесе новина во нашиот кораб, бара да запловиме подлабоко во самите нас, во нашите секојдневни навики. Папата Фрањо вели „да излеземе од себе“. Да не останеме на плиткото каде што „сите така прават“. Да не останеме на површината разочарани без да уловиме ништо. Да не останеме на сегашната среќа, на минливото задоволство, на моменталната радост, туку да ја спознаеме вечната радост во Господ служејќи му на Неговата волја за која се исплаќа да се откажеме од секојневната работа и да се тргнеме по Него. Бог изненадува. Зарем Исус го бара невозможното и тогаш кога не е време. И тука ја става на испит нашата доверба во Него.

Иако уверени во ставови и замислите за сопствената иднина сепак да ја признаеме нашата ограниченост, слабост, понизно отворени за Божјот збор и заради Неговата волја, да ги оставаме досегашните навики, проблеми, радости и таги, да го оставиме материјалното и да „ја фрлиме мрежата“. И тогаш ќе го уловиме вистинското богаство.

к.мк/Данче Ичева

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.

За авторот