Да се открива Божјото Слово

Да се открива Божјото Слово

Кога зборуваме за односот кон Светото Писмо, обично ги употребуваме глаголите да читаш и да слушаш, а за библиските експерти важи и да се истражува. Во Лука, меѓутоа, на едно место стои еден друг израз кои го употребуваат двајца ученици за да објаснат што им се случува на патот од Ерусалим кон Емаус кога го среќаваат Исуса: „… додека ни ги откриваше Писмата.“ (Лука 24, 32)

Што значи да го откриваме Светото Писмо? И што се случува, ако својот однос кон Божјото Слово го земеме како откривање?

Поимот ‘открива’ секогаш се однесува на нешто непознато. Така го откриваме непознатиот крај, како што Колумбо ја открил до тогаш непозната Америка, или како што некој доктор открил лек во природата, а некој пронаоѓач, злато.

Но, откривањето на непознатото неможе да се однесува и на „познати“ краеви и работи. Така се зборува дека некој човек најголемиот дел од својот живот го поминал на остров во кои другите го сметале за најубав остров на светот. Кога се вратил во големиот град во него да ги помине пензионерските години, некој му рекол: „Мора да било убаво толку години да живееш на остров кои луѓето го сметаат за еден од светските чуда“. Пензионерот малку се замислил, а потоа рекол: „Да ви ја кажам вистината, да знаев дека е толку познат и јас би го разгледал“.

Чудно е, но вистинито, можеме да живееме на најубавото место на светот, а да не сме ја откриле неговата убавина. Можеме да живееме и осумдесет години, а да не откриеме, т.е. да не се запознаеме себе си.

И Светото Писмо можеме да го читаме и слушаме, па дури и да цитираме делови од него, а да не ја откриеме длабоката смисла и некои важни пораки кои се содржани во него. (…)

Воочуваме, сепак, дека нашиот однос кон Светото Писмо не се исцрпува со читањето и слушањето, ниту со стручното истражување. Потребно е уште нешто, а тоа е токму содржано во изразот „откривај“.

Како Исус ги открива Писмата?

Распитувајќи го законикот за неговиот однос кон Божјото Слово, Исус поаѓа од текстот: „Во законот што пишува?“ (Лука 10, 26) Иако се работи за Божјото Слово, за Исус не е доволна само напишаната реченица, но ниту читањето на таа реченица, затоа што веднаш после првото поставување доаѓа и другото: „Како читаш?“ (Лука 10, 26) Од ова можеме да забележиме дека читањето на Божјото Слово треба да го земеме како откривање т.е. како процес кој води од читање на текстот (што) според начинот на читање (како).

Читањето е само почеток на откривањето. Најнапред се работи за текст кој го држиме во рацете. Но, ако сакаме да растеме во односот кон Божјото Слово, тогаш сфаќаме дека не се работи само за текстот, туку и за нас кои читаме. Постои текст кој што е надвор од нас, но постои и нашата внатрешност. Освен читањето на Божјото Слово, треба да постои и внатрешно проживување во читателот. Божјото Слово во нас почнува да делува кога сфаќаме дека Словото кое што го читаме е упатено до нас. Не до другите туку на мене лично. Ќе станеме расположливи за примање на Божјото Слово ако го набљудуваме како огледало во кое ќе се препознаеме и како насока ќе ја следиме.

Да се сетиме зошто Исус Божјото Слово го прикажува како семе. Како што плодноста на семето не зависи само од семето, туку и од тлото на кое што паѓа, така исто и плодноста на Божјото Слово зависи само од нас. Нашето срце е како тло на кое паѓа семето. А тоа може да биде „камено“ или „обработено“. Ако не се испитуваме какво е нашето „тло“ т.е. нашето срце, можеме да останеме само кај истражувањето на Словото.

Божјото Слово не смее да остане на површината на нашето битие, туку да продре во длабочината. Смислата на читањето на Божјото Слово не е собирање на знаење за прочитаното, туку преиспитување на себе и промена на себе. Затоа Божјото Слово треба да падне во „браздата“, во срцето.

Од примерот на книжниците воочуваме дека е можно да се биде посебен експерт за Светото Писмо, да го знаеме дури и на памет, а да не ја откриеме неговата длабока смисла. Светото Писмо имено не содржи само зборови, кои се како човековите, туку и мисла, која е како јадро, и богатсво кое е скриено под површината на земјата. Божјото Слово е „живо“ и „делотворно“ (Евреите 4, 12).

Не е, така, „мртво слово на лист“ туку е моќно; „има моќ да ги спаси душите“. (Јак 1, 21).

Постои разлика помеѓу нашето мислење и вистината. Можеме да мислиме и да бидеме уверени дека го познаваме Светото Писмо, а притоа да бидеме потполно криво насочени. Да се открива Светото Писмо значи да се настојува да се разбере. Кога Филип го среќава Египјанецот кој чита од Книгата на пророкот Исаија, го прашува: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ (Дела 8, 30) Тоа го прави затоа што Божјото Слово можеме да го читаме без разбирање на неговите пораки, односно погрешно да го разбереме.

Токму на таа опасност Исус ги предупредува садукеите: „Не сте ли во заблуда поради тоа што не го разбирате Писмото и силата Божја?… Многу се лажете.“ (Мк 12, 24, 27). Затоа на „експертите“ Исус им упатува силна критика: „Тешко вас, книжници! Го зедовте клучот на знаењето: сами не влеговте, а ги спречивте оние кои сакаа да влезат.“ (Лука 11, 52) Нема да напредуваме во разбирањето на Божјото Слово сѐ додека не почнеме да слушаме. Да читаме така што ќе слушаме. Притоа треба да знаеме дека слушањето е процес. Да се сетиме на Самуел; му требало време да разбере како се работи за Божјиот глас упатен кон него. И дури со помош на друг (Елија) се отвора кон Божјиот говор: „Зборувај, слугата твој слуша.“ (1 Сам 3, 10)

Како читањето, и слушањето на текстот зависи од расположливоста на човековата внатрешност. Затоа Исус за слушањето вели дека вреди истото правило: „Пазете така како слушате“. (Лука 8, 18) Како ја слушате веста за откривањето на скриените пораки кои можат да се чујат и разберат дури тогаш почнуваме да слушаме, кога на текстот ќе го наслониме не само увото, туку и срцето.

Овде треба да припазиме затоа што слушајќи ги другите можеме да се слушаме самите себе, т.е. само своето мислење. Слуша, додуша, други лица, но моето мислење е така надворешно, затоа што срцето е затворено за размислувањето и гледањето на тие лица. Всушност, јас не сакам да слушам. Постојат личности кои не сакаме да ги слушаме. Толку сум уверен во својата исправност што не давам можност на вистината која би била во другите. (…)

Исто така можеме да го „слушаме“ Божјото Слово во Црквата. Слушам, но само она што мене ми одговара. Кога би слушал, би морал и да се менувам.

Ако го земам односот со Божјото Слово како откривање, тогаш во себе ќе имам желба да ја слушнам вистината. Без обзир на чија страна е. Таквото слушање е отвореност кон другите и спремност да се слуша и да се учи новоста која може да дојде од другите. Нам ни е тешко да слушнеме нешто ново затоа што не сакаме да го напуштиме старото. Божјото Слово не е доволно да се (про)чита само еднаш или повеќе пати, туку е неопходно секогаш одново, кога и да читам, да слушам и откривам нешто ново.

Марија е отворена за ново и различно. Умее да го слуша другиот. Затоа е таа пример како Му се дозволува на Бога да ни ги открива Писмата. Марија го има своето мислење, но е отворена и за различното. Тоа го забележуваме од две ситуации: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ (Лука 1, 34); „Сине, зошто тоа ни го направи? Гледај, твојот татко и јас сме тажни затоа што те баравме.“ (Лука 2, 48)

Во почетокот Марија не разбира што се случува. Лука тоа изречно го кажува. Но тогаш кога не разбира, Марија не паѓа во замка да застане кај своето гледање и неразбирање, туку се отвора. А се отвора кога престанува да зборува. Кога престанала да зборува, слуша. Слуша што другите ѝ велат. И уште нешто важно: Подготвена е да прими што другите ѝ велат и што сакаат да ѝ дадат. Нејзините зборови се најдобри за илустрирање: „Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите Твои!“. (Лука 1, 38)

Но, овде не е крајот на Богородичното слушање. И тогаш кога другите престанале да зборуваат, Марија не престанува да слуша. Слушањето продолжува во нејзиното срце: „Марија во себе ги собираше сите тие случувања и ги чуваше во своето срце.“ (Лука 2, 19) Од Мариините зборови кои денес ги упатува забележуваме дека сака да бидеме слични како нејзе: „Ставете го Светото Писмо на видливо место во своето семејство, читајте го, размислувајте и учете како Бог го љуби својот народ.“ (25. 1. 1999.)

Како јасен повик на Богородица, нашиот однос со Бога да биде – откривање!

Ако го земеме читањето на Божјото Слово како милосно време за запознавање на Бога, да слушаме што Исус ни зборува и порачува и да дозволиме Тој сам да ни ги открива Писмата, тогаш и нашите срца ќе почнат да „горат“ и очите да ни се отворат. Непрестано ќе го откриваме Бог и самите себе.

Маринко Шакота/Гласник мира/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот