Да се бориш за Господ

Не мислам да пишувам за крстоносни војни или за побуна против модерните „пагани“, уште повеќе, не сакам да пишувам ни за нешто надвор од човечкото срце, бидејќи таа борба според мене е клучна за понатамошните битки и продолжението на (мојот) живот во Господ и со Господ.

За време на новицијатот, често на устата на мојата претпоставена беше реченицата: „Бори се за Господ во своето срце, секој ден“! Мислам дека цитираше некој, но веќе не сум сигурна. Секако реченицата ми остана жива. Можеби тогаш ги разбирав тие зборови, ама самата ги немав искусено. Сега е тоа поинаку. Сега сфаќам дека навистина станува збор за борба за Господ, за Господ во своето срце и тоа секој ден. Секој ден става пред мене нови предизвици, нови одлуки, нови и многустрани избори. Секој час, скоро секоја минута. И тогаш доживуваш како тие избори кои ти се појавуваат секој ден не се ништо друго, туку повторување на оној ист одговор, кој јас како чесна сестра го кажава на денот на своите Први Свети Завети. Она славното: „Еве ме Господи, ме повика!“ пред сите мои роднини, пред пријателите, епископот, свештениците, сестрите. Тоа „Еве ме!“, сега разбирам, не значи со восхит да се изговори тој ден и готово, туку во моментите без восхит еднакво гласно да Му кажеш: „Еве ме, Господи, ме повика!“ Но, тоа не се однесува само на мене, на нас – лицата со посветен живот, туку на сите верници. Секое лице крстено „Во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, е лице повикана на таа иста борба.

Со што всушност се бориме кога станува збор за борба за Господ? Дали е денеска навистина време на суви и троми електронски вентилатори или е време за подигнување „од мртвите“ на светите души кои ќе живеат според Божјото и ќе ги следат принципите, вредностите, нормите, заповедите и животот на Исус Христос, било како лаик, свештеник или монах?!

Борба за верата

Пред сè, да се бориме со себе: Дали ќе се прекрстам во мензата пред јадење, дали ќе го ставам да се гледа крстот кој го носам околу вратот? Дали кога ќе се зборува на теми за абортусе, вештачко оплодување, истополови бракови, јога, евтаназија или слично ќе молчам и климам со главата на бучната и темпераментна маса или ќе истапам и ќе го кажам своето мислење во кое сум и самиот цврст, бидејќи сум читал за тоа и разговарал со други верници? Дали ќе ја прифатам отфрленоста, отуѓеноста и осаменоста бидејќи сум верник? Дали ќе се осудам да дојдам сам на света Литургија за почеток на учебната година свесен за тоа дека потоа ќе ме исмејуваат со месеци? Дали сум подготвен при некој разговор за Папата да станам против оние кои зборуваат против него и свештениците или ќе додавам масло на огнот и ќе зборувам како има сè во „таа“ Црква. Дали сум подготвен да сведочам за Исус Христос и да не се плашам да сретнам една чесна сестра (на чии средби доаѓаш) бидејќи сега си со друштво, па ти е непријатно? Дали си подготвен да живееш за Исус Христос на работното место, во своето семејство? Таа почетна борба, таа е прво скалило на кое најчесто заглавуваме, бидејќи се плашиме од исмејување, омаловажување, осаменост, од сè она што всушност може да нѐ направи сведоци на верата!!!

Борба за време за Бог

Ако сме во верата силни и непоколебливи, имаме свои ставови кои се втемелени на учењето на Црквата и ми даваат да сведочам за својата вера, тогаш следи втора борба: време за Господ! Како верник, лице со посветен живот, потребен ми е Бог како сламка на давеник. Господ го доживувам и сретнувам во молитвата. Но, дали молам воопшто? Знам ли кое е евангелието од денот, молам ли света Бројаница, дали некогаш доаѓам во црквата да „поразговарам“ со својот Бог? Дали доаѓам во недела на Света Литургија или пречка ми е спиењето, саботното излегување, друштвото, гостите? Имам ли време за својот Бог? Или поважно ми е да ја исчистам куќата, да го уредам станот, да го уредам манастирот, да ја украсам црквата, да го научам четивото – сè што треба, меѓутоа дали е мојот Бог пред сето тоа или е редовно во ќошот и замолчен случајно да не се буни, бидејќи ќе си натоварам уште повеќе работа и обврски?! Е, да… можеби сега го разбирате насловот: ДА СЕ БОРИШ ЗА ГОСПОД!

Борба против себе

Сè досега е борба со себе и во себе, меѓутоа буквална борба со својата внатрешност и со сè она што си следи, ако и молам и ја сведочам својата вера со зборови, со животот: однесувањето и делата. Тогаш настапува таа трета борба: борба против себе! Сите мои желби, нагони, мојата природа, моето однесување, моите мисли постануваат како брановито море кое нема мир. Ја чувствувам својата грешност и своите желби, ама не можам со нив и против нив. Тоа е малку потешко за објаснување, бидејќи, всушност главниот актер и режисер на таквата борба е самиот Бог. Тој нас полека нè чисти, нè лупи, нè бруси, не би ли некако нè прочистил, зајакнал и посветил во Своето Име, а тоа го прави на нас на не баш лесни начини: сувост, сувост, сувост, празнина, празнина, празнина, болка, болка, болка. Но не е сè така едноставно. Најчесто првите две борби се одвиваат истовремено, едната произлегува од другата, а бидејќи таа борба е секојдневна, секојдневен е и тој круг. И третата борба е тука, таа е кај сите оние кои сакаат да бидат Божји и покрај своите слабости, мани… едноставно, треба да се бориме, како што свети Павле рече: „И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста, и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир. А над сè, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот; земете го шлемот на спасението и духовниот меч, кој е Словото Божјо“ (Еф 6,14-17). Само така: со вистината, праведноста, подготвеноста за евангелието, со верата, со Светиот Дух и Божјото Слово можеме да ја извојуваме таа победа и да се бориме како вистински синови на Отецот, свршеници Христови, средства на Духот!

Извор: с. Марија Пија Тадијанов Битно нет/Превод: С.С

Категорија: Размислување

За авторот